Бомбите на Заев не ја потресоа Македонија како што тврдеше тој


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција објави дел од таканаречената „бомба“, која ја најавуваше со месеци.

Заев денеска пред новинарите презентираше аудиоснимки од телефонски разговори меѓу него и неговата ќерка, разговор со вработено лице во општина Струмица, како и со новинар од едно радио.zaevng

Исто така, објави и снимка од разговор меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и министерот за финансии, Зоран Ставрески и разговори на политичари од албанскиот политички блок, меѓу кои на Али Ахмети, Руфи Османи, Мендух Тачи, како и на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Ѓеорѓиевски.

Лидерот на СДСМ најави тужба против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и посочи дека во следниот период ќе бидат објавени и други телефонски разговори.

Во непотврдените тонски записи кои ги објави Заев, нема никакви докази за криминал и корупција во највисоките ешалони на власта, како што беше првично најавено од првиот човек на опозицијата.

Првичните коментари во јавноста се дека бомбите на Заев станаа обични петарди, предизвикувајќи дури и потсмев кај грѓаните на социјалните мрежи.

Netpress

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1