Бомбите во училиштето во Аеродром биле пластични


Бомбите најдени во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром се школски, утврдила полицијата.policija-lenta

Директорот на училиштето Раде Жегарац за МИА изјави дека расчистувајќи го подрумот на училиштето децата нашле торба со две бомби.

– Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за школски и безопасни бомби, истакна Жегарац.

Тој посочи дека по еден час учениците биле вратени на редовна настава.

Во СВР Скопје во 11 часот и 10 минути добиле дојава за бомба во ОУ „Блаже Коневски“, по што нивни екипи излегле на терен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1