По полетувањето не се повлекол уредот за слетување, поради што леталото од типот Фалкон 200 морало да кружи над Црното Море за да потроши дел од горивото…
Авионот со кој патувал бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа принудно слета во Варна, по втор дефект за само шест месеци.
По полетувањето не се повлекол уредот за слетување, поради што леталото од типот Фалкон 200 морало да кружи над Црното Море за да потроши дел од горивото.
Според министерот за сообраќај, проблемот очигледно не може да се отстрани и авионот ќе му биде вратен на производителот во Франција.