Се дигнаа лекарите-Не прифаќаме под вакви услови да пружаме здравствена заштита на мигрантите


23 од вкупно 25 постојни Приватни здравствени ординации кои ги опслужуваат исто толку матични лекари од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово со Петиција го извесуваат директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Макеоднија дека НЕ прифаќаат дежурства во амбулантата за мигранти во просториите на Полициската станица лоцирана на Железничката станица во Гевгелија, пишува Локално.мк2-392x540

Во П Е Т И Ц И Ј А се наведува и причините за ваквиот чин на одбивање на дежурствата:

„Ние, долу потпишаните матични лекари од четирите наведени општини опфатени со наредбата за дежурства во амбулантата за мигранти лоцирана во просториите на Полициската станица на Железничка станица во Гевгелија, издадена по електронски пат од ФЗОМ на 24.08.2015 година, изјавуваме дека НЕ ПРИФАЌАМЕ ДЕЖУРСТВА ВО АМБУЛАНТАТА од низа причини:
1. Ние немаме законска обврска и не смееме да вршиме здравствени услуги кои не се предвидени во Договорот со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија;
2. Ние имаме законска, договорна, професионална, морална и секаква друга одговорност спрема луѓето на кои им пружаме здравствена заштита;
3. Во т.н. адаптирана амбуланта нема основни услови за пружање на медицинска услуга, апарати, медицинска опрема, потрошен санитетски материјал, орална и ампуларна терапија, како што е наведено во наредбата;
4. Не се создадени основните материјални и безбедносни услови за пружање на медицински услуги на мигрантите, со оглед на тоа дека немаме податоци за нивната здравствена состојба и нема обезбедено доволно заштитни средства при контактите со нив, поради што може да дојде до загрозување на нашето здравје, на здравјето на нашите пациенти и на нашите семејства;
5. Оптеретеноста на нашето работно секојдневие со двократно работно време со редовните работни активности со пациентите кои не имаат како свои матични лекари, и за нив претставуваме појдовна алка во користењето на услугите од здравствениот систем на Република Македонија, со дуплирањето на бројот на пациентите на кои треба да прижиме здравствена услуга поради воведување на заменскиот систем на матични доктори, поради обврската да дежураме во саботите во отсекот за БРЗА ПОМОШ во нашите општини, поради обврските воведени од Министерството за здравство секоја сабота и недела да посетуваме обука за надградба на нашата професионална работа, ние матичните лекари од наведените четири општини не сме во можност да ја прифатиме обврската за дежурање во амбулантата за мигранти;
6. Со оглед на сите наведени околности матичните лекари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово НЕ ПРИФАЌААТ под такви услови да пружат здравствена заштита на мигрантите, а посебно што постојат Јавни здравствени установи во Република Македонија  кои можат посеопфатно да се организираат и да им пружат здравствена заштита на мигрантите со сите безбедносни и заштино пропишани мерки за третирање на дојденици од непознати здравствено безбедносни подрачја.
7. Ова го поддржуваат своерачно потпишаните матични лекари од листата со потписи која следува во прилог на ПЕТИЦИЈАТА.3-392x54012-392x540

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1