Босанката доби 236 милиони, а нејзиниот екс маж банкар си доби манекенка


Банкарот Роџер Џенкинс, сега веќе поранешен сопруг на Санела Дијана Џенкис, за да го добие разводот и даде половина богатство а тој се теши во прегратките на манекенката Ел Мекфирсон.

 

Најпознатата Босанка во светот 37 годишната Санела среќно се разведе од 56 годишниот сопруг банкар, по 3 години одвоен живот. Се договориле вон суд таа да добие половина од неговото богатство, односно 236 милиони долари, како и половина имот. По објавувањето на разводот банкарот си отиде на јахта со манекенката Ел Мекфирсон (48).

Роџер е човекот кој ја спаси познатата Барклис банка од пропаст, а Санела е жената која е сега сопственик на најпознатиот енергетски пијалок во САД „neuro“. Во брак беа 10 години и имаат две деца.

,, Ја сакам Дијана и и се дивам како мајка, бизнис жена и сопруга. Продолживме со нашите животи и многу сме среќни што постигнавме договор,, изјавил Роџер.

Двојката има имоти во Лондон каде живееле во 2009, потоа Бразил, САД, а имаат и куќа во Санта Моника. Дијана сега живее во Лос Анџелес и веќе е во врска со помлад маж, а Роџер си е со манекенката. Интересно е што куќата во Босна Роџер сакал да ја поделат, бидејќи често одел таму со децата и би сакал да продолжи.
медиумите шпекулираат дека причина за разводот е изневерувањето на Дијана – пишуваат дека го изневерувала сопругот со тројца. Ја поврзуваа со звездата на Манчестер јунајтед Фердинанд, со Џастин Тимберлејк како и со режисерот Гај Ричи кој е екс сопруг на Мадона.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1