Ужас: Новороденчиња во Србија се одвикнуваат од дрога!?!


 

Сурова реалност  на Клиниката за гинекологија и акушерство во Војводина. Околу десет новороденчиња годишно животот го започнуваат со одвикнување од дрога.

Скоро секој месец во клиниката „Бетанија“ се раѓа дете кое веднаш е подложено на терапија за одвикнување од наркотици.

Бројот на новороденчиња со знаци на зависничка криза е во пораст, предупредуваат од Клиничкиот центар во Војводина. Оттаму потенцираат дека мајките-зависнички најчесто по породувањето го остават детето на своите родители или пак го даваат на посвојување.

„Мајките кои се излечени или неизлечени зависници често ја кријат вистината и не кажуваат дека земаат наркотици и опојни супстанции“, објаснува началничката на Неонатологија во „Бетанија“, др.Љиљана Добриќ.

 Кога ќе се роди дете од мајка која е на метадонска терапија или пак е зависник од хероин, новороденчињата веднаш покажуваат знаци на апстиненцијална криза, имаат пореметена треморегулација, дијабетес и неправилно дишење.

Управникот на „Бетанија“, Драган Будаков, вели дека родилките кои користат психотропни супстанции имаат психо-социјална заштита од сите вработени, од семејствата и од клиничките психолози и невропсихијатри.

Дали мајката-зависник ќе биде пријавена во полиција или во Центарот за социјална работа, зависи од проценките на невропсихијатрите кои работат со родилките.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1