Божикна приказна што го трогна регионот: По 60 години си го пронашла синот на Фејсбук


92-годишната Јела Шолиќ од Хрватска Костајница последен пат го видела својот син Данко пред 60 години, кога тој имал само шест години. Сопругот на Јела поради политички причини заминал од тогашна Југославија за Канада и со себе го повел и малиот Данко.index-11

– На баба Јела и било многу тешко кога тие си заминале. Таа вели дека тие ја напуштиле државата без да ја прашаат неа и немала начин како да го запре својот маж. Нејзиниот втор син, мојот татко останал во Хрватска – изјавил внукот на Јела, Даниел Павиќ за „Кроатија вик“.

Како што поминувале годините така помеѓу одвоентот семејство се изгубил контактот. Иако семејството Павиќ знаело дека Данко живее во Канада, тие не знаеле каде точно живее. Но кога ја откриле групата на Фејсбук „So you know you аre a Pavlic“ преку неа на крај успеале да ја пронајдат и контактираат ќерката на Данко, внуката на Јела.baka_Jela11

– Конечно дознав дека Данко со сопругата и децата живее во Ванкувер. Потоа исконтактирав со неговата ќерка – објаснил Даниел.

Данко бил исклучително возбуден кога слуѓнал за своите роднини и сакал да ја види својата мајка за првпат по 60 години, макар и преку Скајп.

На 24 декември вечерта наспроти католичкиот Божик баба Јела и Данко конечно се виделе и зборувале.

Пресреќниот Данко признал дека има намера да допатуа во Хрватска за да биде со својата мајка на нејзиниот 93-ти роденден во јуни. Даниел кој инаку е шеф на филмскиот центар во Домот на културата „Кристалната топка на ведрината“ во Сисак, има намера да сними документарец за оваа приказна.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1