Божиновски екстрадиран во Македонија


Зоран Божиновски, сопственикот на интернет порталот „Буре весник“, денес и е испорачан на Македонија која го бара поради здружување во криминална група, шпионирање и уцена, дознава Танјуг, пренесува Политика.рс.

Српскиот министер за правда Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски по одлуката на судот дека се исполнети условите за негово испорачување.ZoranBozinovski-640x365

Имено, Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“, предмет кој специјалната обвинителка Катица Јанева го побара со намера да го спаси од затворска казна. Тој е еден од 22 лица кои се осомничени и обвинети во акцијата Шпион, за изнуда и рекет. Божиновски кој се водел под името “Луди Милојко”. Во делото тој се сомничи дека преку закани и уцени изнудувал пари од бизнисмени и видни личности.

Божиновски воедно е и лицето кое ги објавуваше аудио снимките добиени од Захир Бекири Чауш преку посредник од СДСМ.

Сведоци во судскиот случај детално на рочиштата објаснуваа како Божиновски им барал пари за да не објавува наводни афери поврзани со нив, константно вршејќи притисок преку испраќање на електронски и СМС пораки дека ќе ги објави наводните афери на неговиот портал „Буре весник“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1