Скршени стакла и уништен автомобил, расфрлени делови од каросерија, цистерна на чија предница имаше мали оштетувања, ваква беше глетката по сообраќајната несреќа што се случи и во која две лица се здобија со тешки телесни повреди претпладнево на влезот во Велес кај Петрово чешмиче, под штипска клучка, пренесува Дума.мк.
Двајцата повредени се од Скопје, маж и жена, кои патувале во автомобил марка Ситроен со скопска регистрација кој се судрил со цистерна за млеко. Несреќата се случила околу 11 часот.
Повредените, мажот Х.Ф (34) и жената Н.М (31) од Скопје беа префрлени во болницата во Велес. Таму им била укажана неопходна помош.
– Реанимирани се двајцата сопружници и стабилизирана е нивната здравствена состојба. Бидејки компјутерската снимка кај мажот дала резултат за можно крварење во мозокот а тој имал нарушена свест веднаш е препратен во Клиниката за неврохирургија во Скопје. Кај неговата сопруга е констатирана фрактура на карлица и откако е стабилизирана состојбата сега организираме транспорт за пренесување на клиника во Скопје, рече д-р Атанас Василев директор на болницата во Велес.