Браќа и сестри со години имале секс и раѓале деформирани деца!


Мрачна, вознемирувачка тајна откриена е во сликовитата австралиска долина во близина на Сиднеј, каде со децении се раѓани деца од инцест, во кој се впуштале сите генерации, во изолирана заедница која неодамна била откриена

devojce - deteРезултат од инцестните односи се родени деца со инвалидитет, неспособни за нормален говор и со успорен интелектуален развој. Браќата и сестрите, вујковците и тетките, меѓусебно имале сексуални односи низ четири генерации, а децата ги одгледувале во многу сиромашни, нехигиенски услови за живот.

Пронајдените деца живееле во валкана шупа, а мнозинството од нив имаат бројни проблеми со делови со телото.

Едно момче има проблеми при одење и боледува од тежок облик на псоријаза. Друго момче има проблеми со слухот, а трето со видот. Девојче од девет години, кое има оштетен слух и не знае да пишува, замижува кога зборува и има сериозни проблеми со говорот, а не знае ниту да се искапе и избрише со крпа. Исто така не знае да користи тоалетна хартија, ниту пак знае што е тоа.

Судот за деца во Њу Саут Велс, дозволи приказната да се објави во јавноста, што претставува своевиден преседан. Името на сокриената долина се чува во тајност, а семејството доби псевдоним „Колт„, за да се заштити идентитетот на малолетниците. Деталите од бедниот живот се објавени, затоа што се смета дека граѓаните мора да дознаат за најтешкиот случај на ицест некогаш откриен.

Полицијата првенствено не била свесна дека открила членови на култ- прабаби и прадедовци кои се браќа и сестри. Низ генерации се практикувал инцестен однос, а на тоа ги учеле и децата кои меѓусебно се впуштиле во сексуални односи што биле доволно стари. Резултат на тоа е застој во развојот кај многу деца и бројни физички аномалии. Само едно девојче имало родители кои не биле во крвно сродство.

По ова откритие, некои деца се сместени кај семејства, додека други во програмата за сексуално однесување и психолошки трауми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1