Преку смогот дишеме смрт – најмногу ни страдаат децата


Загадувањето на воздухот сериозно го разорува здравјето на граѓаните во земјава. Здравствените власти предупредуваат дека изминативе години е регистриран пораст на бројот на белодробни заболувања, на астма, на рак на белите дробови и на кардиоваскуларни болести. На Клиниката за пулмологија годишно се регистрираат над 750 случаи на новозаболени лица од рак на бели дробови.
– Причина за порастот на белодробните заболувања во земјава покрај пушењето е и загадувањето на воздухот – предупредуваат пулмолозите, пишува Вечер.

vozduh chemestrials zagadenОд бронхитиси и астма страда и најмладата популација во земјава. На Институтот за белодробни заболувања – Козле во Скопје на врвен професионален начин се лекуваат децата од градинките и од училишна возраст, а како што предупредува д-р Оливер Зафировски, најголем број од нив што се лекуваат имаат вирусни инфекции кои пред се, се должат на студеното време и на лошата исхрана, а не на загадувањето на воздухот.

Како црни точки во земјава се наведени Скопје, Битола и Миладиновци.

Ситните честички се еден од најзначајните загадувачи поврзани со краткотрајни и хронични респираторни болести.
– Ситните честички и прашината во воздухот се најопасни кога се мали, бидејќи токму големината на честичката определува до каде ќе стигне таа во респираторниот тракт кога ќе се вдише – велат од СБ.

Тие анализирале и посочуваат дека доколку загадувањето се ограничи на вредности коишто ги практикуваат земјите од ЕУ, тогаш околу 800 лица ќе ја избегнат смртта, а ќе се заштедат околу 151 милиони евра годишно кои се наменети за лекување на болните и боледувањата.
Покрај автомобилите, како сектори коишто предизвикуваат загадување на воздухот се индустријата, особено металургијата, нафтената, енергетиката и градежништвото.
Експертите укажуваат дека како една од мерките со кои може да се намали загаденоста е зголемувањето на енергетската ефикасност, промена на составот на горивата и употреба на заштитни филтри во индустријата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1