Две деца на возраст од три и година ипол попладенво го загубија животот во пожар кој избувна во населбата Шутка.
Според информациите, децата биле во куќата кога покривот се урнал врз нив и најверојатно се задушиле.
Децата биле на возраст од една и пол и три години. Засега не се знае од што бил предизвикан пожарот. Во собата првично не бил најден изворот на пожарот но се претпоставува дека можеби е од инсталацијата за струја, дознава Досие.
Додека пожарникарите го гаснеле пожарот дошле и родителите и блиските на децата. Од шокот и кога разбрале дека најмалите од семејтсвото изгореле паднале во шок и со возило на Итна медицинска помош се однесени во болница.
Семејството има уште две деца за кои се уште не јасно како се спасиле и дали биле во собата. Децата биле остваени сами дома додека родителите биле излезени да завршат секојдневни обрски.
За семејството ова не е прв пожар со кој се соочуваат. Пред неколку години на истото место им изгoрела куќата, но тогаш немало жртви.