Братство и единство: Србин, Албанец и Босанец заедно избегале од затвор


Французин, Албанец, Босанец, Албанец од Косово и Србин, денеска извеле спектакуларно бегство од швајцарски затвор, за само пет минути, со помош на оружје кои им го доставиле неколку нивни соучесници. Оружјети им било доставено со цел да им се заканат на чуварите и на другите затвореници, пред да скокнат од затворскиот ѕид и да исчезнат.
„Во тек е активна потрага по нив, а распишана е и потерница и во земјата и во странство“, изјавиле од полицијата од швајцарскиот кантон Во.

zatvorБегалците утрото во 10:20 часот се наоѓале во дворот во затворот Бау Мерме, во предградието на Лозана, со уште 30 затвореници, кога три маскирани соучесници се искачиле на ѕидот на оградата и во дворот и ја фрлиле торбата со оружје и други предмети.

Петмината бегалци, го земале пиштолот од торбата и им се заканувале на другите затвореници и чувари, ги испрскале со спреј и со клештите од торбата, направиле дупка во железната бодликава оградата.

Потоа се искачиле на ѕидот, со помош на скалите кои што исто така им ги донеле соучесниците. Шестиот затвореник кој што се обидел да замине со нив, бил спречен и фатен од страна на чуварите. Бегалците и нивните соучесници побегнале од лице место во две возила.

Целата операција, која била совршено изведена, траела помалку од пет минути.
Французинот (47) служел казна поради грабеж и кривични дела поврзани со наркотици и оружје, Албанецот (34) е поврзан со кривични дела за посед на дрога, Босанецот (31) и Албанецот од Косово (22) за кражба. Полицијата потврдила дека Србинот (45) е осуден припадник на криминалната група „Пинк Пантер“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1