Во опасност се сите кои користат Firefox i Chrome: Најнов вирус ги превзема Facebook профилите


Експерти од Microsoft откриле дека вирусот кој се крие зад екстензиите на Chrome и додатокот за Firefox, може да го „киднапира“ вашиот Фејсбук профил.  За сега не е позато дали постои еквивалент на овој малер, Internet Explorer и Safari.

Browsers firefox - chromeТројанец проверува дали е корисникот пријавен на Фејсбук. Ако е, малициозниот софтвер превзема конфигурациска датотека со листа на команди.  Во зависност од датотеката, малициозен софтвер може да ја лајкне страницата, да сподели содржини, да објави содржини на профилите, да коментира објави, да се придружува на групите, да поканува пријатели во групи и да разговара со пријателите во групите.

Од Microsoft ја анализирале Фејсбук страницата на која малициозниот софтвер објавува содржини и приметиле дека расте бројот на лајкови и коментари на оваа објава, која веројатно доаѓа од профилот на корисникот чиј компјутер е заразен со овој тројанец.

Тие очигледно се се повеќе, иако не е јасно како криминалците ги тераат корисниците да го инсталираат овој plug-in.
Забелешка: Инсталирајте екстензии и додатоци за browser, само ако доаѓаат од сигурни извори, како што се Chrome Web Store и Add-ons за Firefox. Редовно ажурирајте свој антивирус, програми и оперативен систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1