Мачка со беснило нападнала човек во Радишани


Кај мачка во скопската населба Радишани е утврдена појава на заразната болест рабиес, позната како беснило, која е потенцијална опасност за секој цицач, вклучително и човекот

besna-macka-498Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека на мачката и е дијагностицирано беснило.

Според неофицијални информации кои засега струјат во јавноста, станува збор за улична мачка која нападнала човек во Радишани. Наводно, човекот не е во животна опасност, затоа што навреме му се пружени здравствени превентивни мерки.

Агенцијата во текот на денот ќе излезе со дополнителни информации за случајот.

Беснило, инаку, се пренесува преку каснување од заразеното животно. Вирусот го напаѓа нервниот систем и доколку не се лечи, може да напредува многу брзо и да предизвика смрт.

Кирилица

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1