Решена мистеријата на векот: Кенеди го убиле двајца американски претседатели


kenedi-atentat-rojters-glavna-1368515109-309975

Роџер Стоун помошникот на некогашниот американски претседател Ричард Никсон, тврди дека главните организатори на убиството на Џон Кенеди се двајца американски претседатели.

Стоун вели дека неговата книга „Човекот кој го уби Кенеди – случај против Линдон Џонсон“ (The Man who killed Kennedy – the case against LBJ) која ќе биде објавена во октомври, ќе открие дел од тајноста за убиството на претседателот Кенеди на 22 ноември 1963 година во Далас во американската држава Тексас.

kenedi-lindon-dzonson-rojters-1368515918-309991

Тој тврди дека Џонсон, тогаш потпретседател на САД, го организирал конвојот возила на Кенеди низ Далас, за да може да овозможи атентаторот Ли Харвиј Освалд да има прецизен истрел.

Освалд подоцна е убиен, со што е отстранета секоја врска меѓу него и организаторите на атентатот.

Стоун и понатаму тврди дека Џонсон се подготвил за убиството инсистирајќи да конвојот минува низ улицата Дили Плаза во близина на зградата во која Освалд го чекал.

kenedi-lindon-dzonson-rojters-1368515900-309993Друго важно откритие на Стоун се однесува на убиецот на Освалд, Џек Руби кој бил поврзан со поранешниот претседател Риџард Никсон. Руби по препорака на Џонсон бил вработен кај тогашниот конгресмен Никсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1