H7N9 Новиот грип, посмртоносен од сите – СЗО подготвува вакцина, Тамилфлу не вреди за овој вирус


Во последните неколку години се случија голем број на лажни аларми во областа на пандемскиот грип. Ниту птичјиот грип во 2004 година, или свинскиот грип во 2009 и 2010 година не предизвика некоја поголема загриженост, и покрај тоа што Светската здраствена организација WHO создаде голем публицитет и загриженост за двата типа на грип.

h7n9-avian-gripa-virus-novi-svjetski-poredakН7N9 веќе се покажа дека има висока стапка на смртност, дури и поголема од шпанскиот грип во 1918 година, што предизвика смртност на 50 милиони луѓе во светот. Од 131 пријавен случај, 31 починаа, а поголемиот дел од другите станаа критични случаи. Вирусот се пренесе од Кина во Тајван, по што бројот на заразени драстично се зголеми.
Според директорот за здраствена безбедност и животна средина, Кеиџи Фукуда, ова дефинитивно е еден од најсмртоносните вируси на грип што е забележан досега.

Но, постојат голем број на прашања околу тоа дали Н7N9 мутирал и сега се пренесува од човек на човек. Од оние кои биле пријавени како инфицирани со грип, другите членови на семејството исто така биле заразени. Од кинескиот национален комитет на здравјето и планирањето на семејството во четвртокот истакнаа дека не е исклучена можноста да преносот на вирус се пренесува од човек на човек.

Има четири видови на ваквиот вирус, кој што укажува на тоа дека доаѓа од птиците преселници во Источна Азија, кои потоа се мешаат со живината. Нивниот ген секвенца се смета дека има способност да се прилагоди на човечкиот домаќин.

Кинескиот полковник Даи Ксу, објави жесток напад кон САД, обвинувајќи ја глобалната сила за одговорна за ослободување на вирусот, како еден вид на биолошко оружје во Кина. САД нормално ги отфрли ваквите обвиненија.

Сепак ваквото обвинување предизвика незгодна ситуација, а САД веќе има документација за кршење на спогодбата за меѓународното биолошко оружје познато под името BWC и покрена тајна програма за истражување на офанзивното биолошко војување.

ptičja-gripa-H7N9-zaraza-cjepivo

Бројот на инсајдери вклучувајќи го и доктор Даниел Герстиен од Одделот за домашна безбедност, како и поранешниот сенатор Бил Талент и Боб Греам од центарот за масовно уништување во Вашингтон заедно со Џозеф Ким од фармацевската компанија „Иновиво“ која ги произведува вакцините, велат дека е многу веројатно да Н7N9 глобалната пандемија, се случи пред крајот на 2013 година.

Изјавата за глобална пандемија и дава за право на Светската здраствена организација WHO, да прогласи мандат за вакцинација, притоа да ги прескокне суверените национални закони, кои се однесуваат на правото да одбивање на самата вакцинација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1