Земјата голта цела населба во Калифорнија – населението се евакуира (Видео)


Во Калифорнија осумнаесет домови се евакуирани поради пропаѓање на земјиштето и кој што се наоѓаат на површина која од вулканска земја. Евакуацијата започнала веднаш откако се појавиле пукнатини на земјата, а домовите пропаднале речиси десет метри под земја.

kukji kalifornija tonatСемејството Скот и Робин Спивеи, 11 години живееле покрај езеро, но беа принудени да се евакуираат кога почнале да се појавуваат пукнатини на ѕидовите. Малите пукнатини многу брзо се претвориле во широки фрактури и речиси површина од 600 метри квадратни, вклучувајќи ја и гаражата, пропаднале десетина метри под земја.

Покрај семејството Спивеис, без својот дом останал и писателот Рандал Фицџералд, кој што живеел на брдо со прекрасен поглед на Ведро Езеро и планината Коноцти, а сега сите фрустрирани, се прашуваат што се случува со земјиштето. Куќите биле изградени пред 30 години, а ваквите пропаѓање се слични како оние кои што се појавија во Флорида, дупки кои што проголтуваа цели домови. Колапсот може да се движи на почетокот од неколку сантиметри во еден момент, па се до неколку метри во следниот.

Еден од директорите за јавни работи на Округот, Скот де Леон, предупредува дека станува збор за заспан вулкан.
Геолозите пак сметаат дека земјата може да биде компромитирана до 25 метри во длабочина. Пукнатините исто така се појавуваат на патиштата. Консултантот за комунални услуги Том Рупентхал, смета дека подземните води можат да имаат влијание за појавата на ваквите вдлабнатини. Пропаднатите домови веќе се обележани за целосно отстранување, а ридот е до толку нестабилен, што и кај останатите кој што останале, е невозможно да бидат безбедни за понатамошно живеење во нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1