Секој февруари веќе четири години по ред, Милтон Јуниор, скромен банкарски службеник, преку ден го облекува своето уштиркано одело, а навечер го заменува со сјаен костум, целосно покриен со перја и станува кралот Момо, неприкосновен владетел на петодневниот Карневал во Рио.
И покрај тоа што изгледа како секој друг банкарски службеник, Милтон е всушност ѕвезда на Рио – Момо, крал на карневалот, најголемиот светски фестивал на отворено.
„За време на карневалот се појавувам во медиумите. Во светот на самбата сите ме знаат, но кога ќе ме препознаат на улица, ми велат дека сум различен, дека изгледам сериозно и безбојно во работното одело. И да, целосно сум различен“, вели Милтон.
За време на карневалот, тој на секоја голема парада игра со сите, дали станува збор за деца или славни личности.
Дури и по дома, овој крал си има своја круна. Често излегува во една од најголемите школи на самба каде што танчарките и танчарите се подготвуваат за настап пред 70,000 гледачи.
„Овој момент ми значи се. На овој карневал сите се среќни, тоа е забава на која сите се прегрнуваат и танцуваат. Играјќи ја самбата ние пренесуваме радост, позитивна енергија“, вели Милтон.
Со оглед на тоа дека сезоната на карневалот се доближува, неговиот распоред е се повеќе згуснат.
„Вели дека никогаш нема да престане да го работи тоа. Уморен е, но, тој тоа го сака, а ние му помагаме да се одмори“, вели неговата мајка.
Секоја година градоначалникот на Рио симболично му ги предава клучевите на градот, а за време на фестивалот, кралот Моми се бира преку играњето самба, смислата за хумор и духот за забава.
Милтон Јуниор суверено владее со Карневалот во Рио уште од 2009 година и веќе четири години ги победува своите противкандидати.
Тој се надева дека ќе ја задржи круната уште неколку години и дека ќе игра самба на почетокот на карневалската парада се до Олимписките игри во Рио 2016 година.