Бремена мајка со 2 годишна ќерка оди од контејнер до контејнер за да преживеат


Во центарот за хуманитарна помош во Нови Сад на врата тропнала трудна жена, која со себе ја носела и нејзината две годишна ќерка. Тие живеат во екстремна сиромаштија, објави весникот Нови Сад.

Без документи за идентификација и без никаков  извор на приходи, тие се принудени да бараат храна по контејнери, а мајката за време на бременоста не добива никаква медицинска помош, која и е неопходна.
Според Даниел Мандиќ Кораќ од Нови Сад, вработен во  хуманитарниот центар, состојбата на мајката и девојчето е алармантна.

— Детето е прегладнето и босо, а нејзината мајка нема ниту еден документ за идентификација, бидејќи сите документи ги оставила во Сараево,  од каде што се доселила пред неколку години, велат од центарот.
Таткото на малото девојче во градот дошол од Косово, но нема никаква основа да поднесе барање за помош наменета за раселени лица, бидејќи нигде во Србија не е пријавен како раселен, а има само фотокопија од личната карта.
– Семејството моментално живее  во една стара куќа без никакви услови, а денот го минуваат по контејнерите барајќи било каква храна, вели Даниел Кораќ Мандиќ.

Доколку ова несреќно семејство имало документи за идентификација, мајката која е петти месец трудна, би имала барем право на бесплатна здравствена заштита.

– Во моментот приоритет ни е да се обидеме да направиме лична документација,  со оглед на фактот дека жената е бремена и дека и е  потребнен лекар. Ќе го посетиме и местото на живеење на ова семејство, за да увидиме на кој начин би можеле да помогнеме, велат од Хуманитарниот центар во Нови Сад.

Tags: , , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1