Матичните гинеколози ќе мора да ги внесат сите податоци за идните мајки во електронска мајчина книшка, за да можат докторите и породилиштата навремено да добијат информации за здравствената состојба на жената.
Бремените жени влегуваат во здравствената евиденција на системот Мој Термин. Од сега матичните гинеколози ќе мора да ги внесат сите податоци за идните мајки во електронска мајчина книшка, за да можат докторите и породилиштата навремено да добијат информации за здравствената состојба на жената. Во неа ќе се евидентираат ултразвучните и другите прегледи и резултатите за трудницата со цел прецизно следење на бременоста и заштита на здравјето на мајката и плодот.
По породувањето, во електронската мајчина книшка ќе се евидентираат детални податоци и за здравјето на новороденчето.