БРИСЕЛ: Вкупно осум лица во моментов се уапсени за подготовка на напади за време на новогодишните празници.


Брисел приведе шест лица, осомничени за планирање на терористички напади за време на новогодишните настани во главниот град, соопшти обвинителството. “За време на операцијата, во реонот на Брисел беа приведени шест лица осомничени за подготовка на терористички акти”, објавија властите.apsenje brisel

Осомничените беа уапсени по неколку полициски акции во и околу белгиската престолнина. Вкупно осум лица во моментов се уапсени во врска со случајот, вклучувајќи и двајца мажи, кои официјално биле обвинети.

Во средата вечерта градоначалникот на белгиската престолнина го откажа  огномет на плоштадот “Де Брукер” од безбедносни причини. Сепак, од неговиот кабинет соопштија дека другите прослави во главниот град, вклучувајќи на централниот плоштад “Гран Пласт” ќе се одржат како што беше предвидено. Претходно денеска белгиските обвинители уапсија 22-годишен маж под обвинение за тероризам, 10-тиот осомничен за нападите во Париз минатиот месец.

Белгискиот државјанин со иницијали Ајуб Б. беше уапсен во средата за време на рацијата во немирниот бриселскиот кварт Моленбек. Тој е обвинет за “терористички убиство и учество во терористичка група”, се наведува во соопштението на федералната обвинителство. Осомничениот ќе се јави за сослушување во судот до пет дена, објавија од таму.

Моленбек е родното место на главниот осомничен за нападите во Париз Салах Абдеслам и се јавува како европски расадник на исламскиот екстремизам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1