Десетгодишно момче што си играло во парк во Јорк и било опкружено од група тинејџери, кои го испрскале со спреј па го запалиле.
10 годишниот Габриел се спасил тркалајќи се во снегот и така го изгасил огнот, но има сериозни изгореници на нозете.
„Тинејџерите се задевале меѓу себе, па му пришле на мојот син, му ги испрскале нозете со некој спреј и го запалиле. Ова можело многу полошо да заврши – пламенот можел да го зафати цел и тој да изгори“ изјавил преплашениот Питер Висхарт, татко на момчето.
Полицијата трага по виновниците, а дури упатиле апел до продавниците да не им продаваат на децата запалки, дезодоранси, освежувачи за воздух и слични запаливи предмети.