Британка билувана, убиена и запалена во Бугарија


Британката Џен Бенет (67) која пред два месеца се преселила во бугарското село Маломир, била нападната во четвртокот додека ги шетала кучињата. Убиецот прво ја силувал а подоцна се обидел да го спали нејзиното безживотно тело.

Јагленисаните остатоци биле пронајдени на 200 метри од куќата во која Џен живеела со својот сопруг Ник, кој заздравувал од мозочен удар.britanka bugarija

Според сведоштвото на еден нејзин пријател, Британката се жалела дека 40-годишниот сосед Иван Георгиев ја следи. Георгиев бил приведен набрзо по злосторството и бил означен како главен осомничен.

„Сите ја предупредувавме да не оди во Бугарија поради високата стапка на криминал. Неколку пати ми се пожали дека тој човек ја вознемирувал, но никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до ова“, изјавил пријател на жртвата.

Бугарските медиуми пренеле дека со обдукција на телото на жртвата биле пронајдени траги од клоцање и удари со тежок предмет. Откако дознал за убиството на неговата сопруга, Ник Бенет бил префрлен во болница во состојба на шок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1