Британски авион со 189 патници за влакно избегна голема катастрофа во египет пред два месеца кога на растојание од 300 метри од него мпоминала ракета земја- воздух, пишува британски Дејли Мирор.
Пилотот на авионот според пишувањето на овој весник, морал да изведе маневар за да го избегне проектилот кој му поминал на растојание од 300 метри од пилотската кабина. Комапнијата “Thomson”, чиј авион е, на патниците не им соопштила дека биле во смрттна опасност, а тие не ни забележале.
Овој инцидент се случил на 23. август, два месеца пред да се сруши рускиот авион со 224 патници во Египет.
И покрај ова британските медиуми не веруваат дека овие ракети се на Исламисите, туку дека станува збор за случајна лансирана ракета од страна на египетската војска.