Британците сакаат да излезат од ЕУ


Според најновото социлошко истражување на Ај-Си-Ем, 51 отсто од Британците се за излегување на земјата од ЕУ, а 40 отсто би сакале да остане членка на Унијата.


ne vo euОвие податоци се добиени во истражувањето нарачано од весникот „Гардиан“.
Истражувањето покажа дека се настанати сериозни промени во расположението на Британците во споредба со периодот од пред десет години, кога 68 отсто од анкетираните сакаа да останат во ЕУ, а 19 проценти беа за излегување.
Минатата година соодност беше 40 отсто (за останување) наспроти 49 отсто (за излегување).
Односот кон ЕУ се објаснува со повеќемесечната актуелна криза во еврозоната, што е следена од стравувањата поврзани со евентуалниот крах на заедничката валута.
Британските парламентарци бараат премиерот Дејвид Камерон да организира референдум за судбината на членството на земјата во ЕУ. На почетокот на новата година премиерот ќе оддржи говор за односите меѓу Велика Британија и континентална Европа. Се очекува тој да го искористи овој повод за да предложи по 2015 година да се оддржи референдум за условите на британското членство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1