Бројките велат: Без долгот кон Европа, Грција во плус


Грчката јавна потрошувачка значително е намалена во првата половина од годината, покажаа податоците на Министерството за финансии во Атина.

Грција во шест месеци заклучно со јуни потрошила 23,2 милијарди евра во однос на 26 милијарди во истиот период во 2014 година, наведува Mинистерството, а пренесува агенцијата Франс прес.grcija22

Државните приходи, сепак, исто така се намалени и тоа на 21,8 од 23,6 милијарди евра во споредба со првата половина од 2014 година.

Грчкиот сајт за економска анализа Макрополис наведува дека официјална Атина ги намалила трошоците во неколку области, од болници и центри за вработување до бенефиции за семејствата со ниски приходи.

Кога од сметките ќе се исклучат отплатите за долгот, грчката влада првата половина од годината ја завршила со буџетски суфицит, што секако ќе биде поддржано од меѓународните кредитори со кои Атина овие денови ќе ги започне преговорите за третиот пакет финансиска помош.

Буџетскиот суфицит во првата половина од 2015 година изнесува 1,88 милијарди евра во однос nа 707 милиони во истиот период лани.

Грчката влада оваа недела соопшти дека до 20-ти август сака да го финализира договорот со кредиторите за новиот пакет помош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1