Бројот на загинати во автобуската несреќа се искачи на 14, Владата прогласи дводневна жалост


Загинати се 14 патници, а многумина се борат за својот живот. Ова е билансот од трагичната автобуска несреќа која денеска околу 17 часот се случи на автопатот Скопје – Тетово, во близина на Ласкарци.

-Сочувствуваме со тагата на семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа. – изјави премиерот Заев.

Тој истакна дека црниот биланс од несреќата се искачил на 14 лица.

-Во несреќата загинаа 14 патници, седум на лице место. 37 лица се хоспитализирани во болницата „8 Септември“ во Скопје, 6 починале, а едно лице починало во болницата „Св. Наум Охридски“. – рече Заев.

Автобус на гостиварската компанија „Дурмо Турс“ кој превезувал педесеттина патници од Скопје за Гостивар, попладнево од непознати причини изгубил контрола, преминал на спротивната коловозна лента од автопатот, ја пробил заштитната ограда, се превртел и завршил во непосредна близина до регионалниот пат.

Возачот на автобусот ја преживеал несреќата.

Владата донесе одлука 14 и 15 февруари ги прогласува за денови на жалост, во знак на почит кон жртвите од тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово, соопшти премиерот Зоран Заев по завршување на вонредната владина седница, што се одржа вечерва.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1