Брус Спрингстен: 30 години во депресија – затоа имав епски настапи


Брус Спрингстен веќе 30 години се бори со тешка депресија, поради што побарал и лекарска помош. Славниот американски рок пејач и гитарист, открива во едно свое интервју за „New Yoreker“, дека почнал уште од 1982 година да посетува психијатар.

На моменти му доаѓало да изврши и самоубиство, поради тоа што не можел да се носи со фактот што станал славен. Иако не е тајна тоа што Брус пати од мрачни расположенија, во интевјуто отворено зборува за демоните кои го прогонувале и за неговите најголеми настапи во живо, кои биле резултат на целосен страв и самопрезир, кои ги чувствувал длабоко во себе.

„Не можете да ја потцените моќта на гадењето од сам себе. Не ми се допаѓа ништо од тоа што го работам, но ја разбирам и тежината на работите како стојат во светот и сфаќам дека треба да се променам“, говори Спрингстен.

И неговиот покоен татко, Даглас Фредерик Спрингстен, се борел со депресија, веројатно предизвикана од биполарно пореметување. Често одбивал да ги земе лековите, па растењето во таков дом било се само не идилично.

„Мојот татко беше многу молчалив човек. Со него не можев ниту да разговарам. Борбата на моите родители, со депресијата на мојот татко, беше средиштето на моето израснување. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Мојот живот тргна во сосема друга насока, но, и понатаму во него има голем број на недостатоци. Тие рани, трауми остануваат во вас, но морате да ги усмерите, да имате цел“, смета Спрингстен.

Во склоп дека се поголемиот успех и афирмација на сцената, неговиот исконски страв дека еден ден ќе стане како неговиот татко никогаш не го напуштил. Од друга страна стравот од менталните болести го држела подалеку од аутодеструктивното однесување, кое уништи голем број од неговите колеги. Веројатно Спрингстен е единствениот на американската славна сцена кој што никогаш не пробал дрога.

„Никогаш не сум имал проблем со дрогата. Мојот проблем беше поинаков, но и понатаму остана проблем“, говори Спрингстен.

Од психичката криза во 1982 година, до денес тој редовно посетува психијатар. Неговата сопруга, говори како овие сеанси, во неговата неверојатната кариера, му овозможиле да има среден семеен живот, што за некој кој боледува од депресија е огромен успех и победа над оваа болест.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1