Олимпијците по стапките на Хитлер!? – Хитлер го вовел носењето на олимпискиот факел


Пренесувањето на факелот стана вистинска традиција на Олимписките игри, но малкумина знаат дека всушност идејата за оваа штафета на пренесување до градот во кој се одржува спортската манифестација потекнува од озлогласениот нацистички водач Адолф Хитлер.

 Вообичаено пламенот се пали на Олимпија според древните обичаи, со помош на сончевата светлина и конкавно огледало. Палењето го прават жени облечени во античка облека на свештеничките на богот Зевс.

Така настанатиот пламен, како Олимписки факел штафетно го носат илјадници тркачи, преку сите континенти, до градот во кој ќе се одржуваат Олимписките игри и на крај, до назначеното место на Олимпискиот стадион на кој пламенот ќе гори до крајот на игрите.

Штафетното носење на факелот, како што денес го знаеме, меѓутоа, нема ништо традиционално. Оваа пракса ја вовел во 1936 година нацистичкиот режим.

 Историчарите наведуваат дека Хитлер бил против Олимписките игри кои ги сметал за еврејски и масонски изум, но со цел да го промени мислењето под влијание на Џозеф Гебелс кој успеал да го убеди дека организирањето на Олимпијада во Берлин би можело да послужи како одлична демонстрација на нацистичката моќ и престиж.

Гебелс во Олимпијадата гледал единствена прилика да се покаже надмоќта на германскиот народ. Хитлеровиот министер за пропаганда добил идеја за штафетно носење на факелот како еден вид поврзување на нацистичкиот режим со античка Грција.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1