На социјалните мрежи се прикажува видео на кое има врсничко насилство во скопската населба Аеродром.
Според она што може да се чуе на видеото, девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, а останатите присутни го снимаат инцидентот. Според информациите девојчето е седмо одделение. Било влечено за коса, навредувано и понижувано од свои врснички, додека десетина малолетници го снимале насилството со мобилни телефони и навивале.
На едно од видеата се гледа и како девојчето е принудено да клекне на колена и да се извини на една од девојчињата. Вознемирувачките снимки масовно се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции во јавноста. Според информациите, инцидентот се случил завчера вечерта во скопската населба Аеродром.
https://www.instagram.com/reel/DaPqm4xoFQn/?igsh=MThha2h6b3hzNTBsYg==
Насилниците од видеото на најновото врсничко насилство во населбата Аеродром се повикуваат во полициска станица. Од полицијата информираат дека СВР Скопје презема мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот.
– Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител – информираат од МВР.










