24 часа ќе работат службите на Итната медицинска помош за време на новогодишните празници.
Граѓаните кои ќе имаат потреба од лекарска помош ќе можат да се јават на телефонската линија 194 или да ги посетат осумте дежурни ординации кој ќе работат во скопските поликлиники.
Од Министерството за здравство информираат дека 24 часа ќе функционираат Клиниките за токсикологија, Хируршките клиники и Ургентниот центар. Во останатите Клиники во комплексот Мајка Тереза на граѓаните ќе им бидат достапни дежурните служби.