Брзо и без пржење – Крекери од палента готови за 10 минути


krekeri-od-palentaСостојки

  • 150 г брашно
  • 100 г пченкарен гриз (палента)
  • 50 г пармезан
  • малку оригано (босилек или рузмарин)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 125 мл вода (околу пола чаша)
  • малку сол

Подготовка

  1. Крекери од палента со пармезан - Поготовка11.Во сад за матење, ставете брашно, гриз, рендан пармезан и оригано. Добро промешајте и додадете масло и вода и мешајте се додека не добиете компактна смеса леплива на раце. Доколку ви се чини дека смесата е пресува, додадете уште малку вода.
  2. Крекери од палента со пармезан - Поготовка22.Добиеното тесто поделете го на две топчиња и со помош на сукало, расукајте ги топчињата најмногу што можете за да добиете тенка кора. Со ребрест нож, сечете ја кората во форма на правоаголници и префрлете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за готвење. По потреба, одозгора посипете со крупна сол.
  3. Крекери од палента со пармезан - Готови3.Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 10 минути се додека крекерите не добијат златно кафеавкаста боја. Послужете ги оладени.

migusto.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1