Бубрег подготвен за трансплатација сестрата го фрлила во ѓубре


Медицинска сестра во Охајо случајно го фрлила бубрегот кој бил наменет за трансплатација. Лекарите се обиделе да ја поправат штетата, но на крајот се увидело дека бубрегот повеќе не можел да се употреби за трансплатација.

„Не можеме да го опишеме разочарувањето на оние погодените во целиот случај. Сите вработени во Универзитетот го изразуваат своето најдлабоко сочуство за целата несреќа која што се случи“, изјави доктор Џефри П. Голд.
Болницата привремено ја суспендираше програмата за донаторство и засега суспендираше две медицински сестри на платено административно отсуство, додека се истражи целиот случај.
Во моментов правиме се што е во наша моќ да спречиме да се повтори ваков инцидент. Посветени сме на обезбедување на заштитните мерки. Добиваме помош како од внатрешни така и од надворешни експерти.
На универзитетот во Толедо, во Медицинскиот центар, се направени повеќе од 1700 бубрежни трансплантации. Првата се случила во 1972 година со 98 % успех. Портпаролот на болницата изјави дека програмта повторно се очекува да започне во следните неколку недели.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1