Банка која зема пари од мртвите


Теоријата за тоа дека сите луѓе сме зомби, во служба на големите корпорации и финансиски системи не се некоја голема новост. Но, по случајот со Ричард Палмер, оваа теорија повеќе не е само симболична.

Имено откако Американецот Ричард Палмер умрел во 78 година од својот живот, неговото семејство ја затворила неговата банкарска сметка. Но, некои банки очигледно не водат сметка за тоа дали земаат пари од живи или мртви, па така во случајот на Палмер продолжиле да земаат пари за неговите сметки, да наплаќаат за услугите за водење сметка на ратите, кредитите…

Откако семејството сватило што се случува, започнало да превзема некои неконвенционални мерки за да ја затворат сметкака на покојникот.
Имено на сметката на умрениот не можела да биде затворена поради одредбата со која и е овозможено на банката повторно да ја отвори затворената сметка, доколку на наплатата дојде претходно договорена обврска, како на пример рата на кредит.
Со оглед на тоа дека семејството не е свесно за финансискиот терет кој го имал покојникот, не знаеле ниту дека банката ќе продолжи да ги наплатува долговите и дека ќе ги донесе во минус. Минусот нормално им оневозможил да ја затворат сметката.

Сепак, еден од вработените во банката им дал некаква надеж. Имено вработениот привидно ја направил неговата сметка да изнесува 888,888 долари, со што автоматски било забележано дека станува збор за измама. Семејството се надева дека со ваквиот потез ќе им се овозможи конечно да ја затворат, засега се уште активната сметка и на тој начин да го решат овој голем бизарен проблем.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1