Фото: Малите американчиња учат дека основачот на Викиликс е терорист


Во САД деновиве се појави контроверзна сликовница која ги учи децата да ги распознаваат терористите. Меѓу сликичките се наоѓа и онаа на Џулијан Асанж.

Откако пред година дена се појави првата сликовница со едиција „We Shall never Forget 9/11“ – Никогаш нема да го заборавиме 11 септември, во која американските деца на креативен начин се запознаа со терористите, деновиве низ трафиките можеше да се забележи уште една креативна сликовница, со новите зли ликови.
Според наводите на Yahoo Shine-a, детската сликовница под името „We Shall never Forget 9/11, Volume II: The Tru Faces of Evil-Terror“ се појави уште една сликовница за деца со темелен извештај за терористите во која се нацртани „црно-белите милитантски ликови.

Освен сликичките кои децата ги бојат, тука се и картичките кои можат да се собираат и да се разменуваат.
„Единствено е тоа што се обидовме да ги именуваме и да ги посрамотиме“, вели издавачот Вејн Бел.
Преку сликовниците можете да ги запознаете свите деца со сирискиот претседател Башаром Ал Асадом, или погубениот ирачки диктатор Садам Хусеин.


На картичките меѓу останатите терористи се наоѓа и Џулијан Асанж, основачот на Викиликс. Тој е во друштво на, бомбаши, снајперисти и масовни убијци.

Сликовницата е веќе во продажба и секој родител оваа едукативна книга може да ја набави за своето дете на Амазон.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1