Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски формира партија, неофицијално дознава неделникот „Република“, објавено е на порталот.
Според информациите, промоцијата на партијата ќе се случи по Конгресот на СДСМ во мај, кога ќе се знае дали Бранко Црвенковски ќе остане на чело на партијата или, конечно, ќе се повлече по 20-годишно директно и индиректно раководење.
-Појавата на новиот субјект ќе биде огромен удар за најголемата опозициска партија, во која Бучковски сѐ уште има свои поддржувачи, и се претпоставува дека голем дел од членството на социјалдемократите ќе помине во неговите редови, пишува „Република“.
Повеќе ќе можете да прочитате во новиот број на неделникот „Република“, кој излегува утре.