Бучковски ќе оди во затвор – Одбиена му е жалбата , за 8 дена да се јави во затвор


Експремиерот Владо Бучковски за 8 дена ќе треба да оди во затвор.

bucko-500

-Бучковски откако добил упатен акт за издржување на казната побарал одлагање за да ги заврши веќе отпочнатите обврски на Правниот факултет, но судијата за извршување санкции ја одбил одлуката како неоснована по што тој поднел жалба и до кривичниот совет и навел дека со неизвршување на превземените обврски на Правниот факултет – Скопје би предизвикале штета на студентите и факултетото што е доволна причина согласно законот да се одложи извршувањето на санкцијата информираат од судот, објави Канал 5.

И Кривичниот совет ја одбил жалбата и го потврдил решението на судијата, бидејќи како што објаснија од судот, осудениот по приемот на второстепената пресуда, имал обврска да го извести Деканатот на факултетот дека ќе биде спречен да ги извршува превземените обврски како редовен професор во престојниот семестар заради одлука на Апелациониот суд – Скопје со која е осуден на казна затвор во траење од две години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1