Томче Софка и Ања парк одат во историјата – легендарните кафеани пред рушење


Нови станбено-деловни и образовни објекти ќе никнат во Градски парк. Зградите ќе се градат на местото на добро познатите скопски кафеани лоцирани во паркот, Томче Софка и поранешна Ања. На местото на овие угостителски објекти кои се една од омилените дестинации на граѓаните за кафе-шема, особено за викендите, ќе се дигнат повеќекатници и тоа еден станбено-деловен објект, објект со намена образование и една станбена зграда, пишува Вечер.

Новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план Дебар Маало 2 на Општина Центар, а инвеститорите со нивната изградба се очекува да започнат напролет идната година.  Според ДУП-от, на местото на сегашниот ресторан Томче Софка ќе се изгради станбена зграда како и на местото на хотелот Канет.

tomce sofka

Деталниот урбанистички план Дебар Маало 2, на локацијата на Томче Софка, предвидува станбена зграда, со кота до венец од 15 метри приземје со три ката и поткровје, информираат од Општина Центар. Веднаш по локацијата каде што сега се наоѓа Томче Софка, на местото на сегашниот ДТВ Партизан, предвидени се објекти со намена за образование. На местото на хотел Канет, пак предвидена е станбена зграда со катност, приземје со три ката.

Во новата зграда која ќе се гради на местото на ресторанот “Кај Ефто” или поранешна Ања, ќе се смести Сојузот на спортови на Скопје, во чија сопственост е сегашниот објект кој се издава под кирија.

Од Сојузот велат дека изградбата најверојатно ќе започне напролет, а во новата зграда, на приземјето за да продолжи со работа ќе се смести сегашниот ресторан “Кај Ефто”.  Се уште е во процес откупот на земјиштето кој би требало наскоро да заврши.

Новиот објект ќе го гради приватна фирма – партнер која со градежните активности ќе започне откако ќе се добие дозвола за градба од Општина Центар. Планирано е на приземјето да си остане да функционира сегашниот ресторан, а ќе обезбедат и нови простории за нашето здружение, вели претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски. Според плановите, во рамки на оваа зграда инвеститорот ќе отвори и спортски хотел, а ќе има станбени единици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1