Владо Бучковски и Методи Стамболиски осудени се на три години затвор, Нелко Менкиновски и Ацо Ѓурчиновски на две години Митре Петковски, три години затвор во случајот „тенковски делови”, јави Макфакс.
Сите се товарат дека сториле едно кривично дело „злоупотреба на службената положба” и треба солидарно да ја вратат отштетата која изнесува повеќе од два милиони евра.
Во случајот покрај Бучковски, обвинети беа и поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски, екс логистичарот, Нелко Менкиновски, директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчиновски.
Поранешните први луѓе на одбраната се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра со набавка на четирипати повеќе од потребните резервни делови за тенковите.
Предметот беше вратен на повторно судење откако апелациониот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна.