Будва: Голем бран повлекол во море русинка додека шетала крај плажата – починала


Руската државјанка Б.Т настрадала денес во Будва, кога огромен бран ја повлекол во морето додека по тесен пат се движела кон плажата Могрен-соопштила Црногорската полиција.

Припадниците на пловидната единица од будванската полиција се обиделе да ја спасат русинката од разбранетото море, но било предоцна. Единствено што успеале да направат е да го извлечат нејзиното безживотно тело.
Како што се наведува, на полицијата во обидот за спасување на руската државјанка  и помагале и нејзините пријатели.
На местото каде што се движела русинката имало истакнато предупредување дека поради големите бранови забранета е прошетка по тесната патека.
Полсе четри месеци на суша црногорското приморје денес било зафатено од обилни дождови, силен ветер и огромни бранови.
На подрачјето од Которскиот залив невремето предизвикало низа проблеми, од поплавување на патиштата преку лизгање на земјиштето како и повеќе поплави во подрумите на станбените згради во центарот на Тиват

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1