Archive | Балкан RSS feed for this section

Посебна комисија ќе ја премерува територијата на Косово

Косовската влада донесе одлука за формирање посебна комисија,чија задача ќе биде премерување на територијата на Република Косово, објави приштинскиот весник „Експрес“. Одлуката доаѓа откако Косово не успеа да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора, поради противењето на опозицијата, но и дел од пратениците на владината коалиција,кои обвинуваат дека владата и отстапува […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина југословенската стјуардеса која преживеа пад од 10.000 метри

Во Белград почина легендарната стјуардеса на „ЈАТ“ Весна Вуловиќ која ќе биде запаметена како единствен преживеан патник при пад од  10.000 метри. Стјуардесата Весна Вуловиќ, која пред 44 години, во 1972 година го преживеа падот на авионот на југословенската авио компанија ЈАТ од висина од 10.000 метри, почина во својот стан на 67 годишна возраст, […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрватската манекенка го шокираше регионот: Се проституирав, дрогирав..

Хрватската ријалити ѕвезда и бивша манекенка Симона Мијоковиќ одлучила да проговори за својот живот и што сè преживеала, додека не пронашла спас во верата. Сè почнало на осум години кога нејзините родители се развеле па мајка ѝ ја оставила со татко ѝ, а по две години ја земала и однела со својот нов сопруг. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Група Бугари осомничени за продажба на бебиња во Грција

Група бугарски државјани се осомничени дека продавале бебиња во Грција за сума од меѓу шести и осум илјади евра, објави денеска грчкиот весник „Та Неа“. Според весникот, полицијата во грчкиот град Катерини започнала истрага за 13 илегални посвојувања во што била вклучена криминална група од шест лица по потекло од Бугарија. Грчката полиција наведува дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Директорот на полицијата открие: Знаеме кој ја уби Јелена Марјановиќ

Полициската истрага не затаи туку деноноќно се работи на расветлување на овој случај. Како што истакна директорот на полицијата Владимир Ребиќ, деталите од истрагата за убиството на пејачката не смеат да бидат изнесени во јавност, но полицијата поседува значајни докази и ниту еден не е исклучен. – Бараме докази кои се несоборливи. Не смееме да […]

______________________________________________________________________________________________________

Ниш: Жена се породила на минус 6 степени пред болница лекарите преку прозорец дошле до неа

Милена Т. (31) од Поповац кај Ниш родила здраво бебе во автомобилот пред породилиштето, на минус 6 степени. На Милена тоа ѝ е второ дете, а породувањето таа и нејзиниот сопруг долго ќе го паметат. Иако Поповац е оддалечен од Ниш помалку од 10 км, бебето било „нестрпливо“. А, дека се случува нешто невообичаено забележале […]

______________________________________________________________________________________________________

Мистерија: 15-годишната Барбара никаде ја нема, другарите не ја кажаа вистината

Двајца другари на 15-годишната Барбара Витез од Сента, кои последен пат се видени со неа пред нејзиното исчезнување на 25 ноември кога таа паднала од мостот и исчезна во Тиса, поминале само дел од полиграфското испитување. По детекторот е заклучено дека тие не извршиле кривично дело, дека девојката не е силувана ниту убиена, но на […]

______________________________________________________________________________________________________

Овој занает може да ви донесе заработка од 1.200 евра месечно – Марија дебело ја наплаќа својата работа!

Од старите занаети во Србија може убаво да се живее, гледајќи на тоа дека вештите раце можат да донесат и заработка од 1.200 евра месечно. Пример за тоа е Марија Иванковиќ Јуриќ од Шабац која везе, ткае и плете облека. – Има многу работа па поради тоа планирам и да вработам уште жени. Заработувам доволно […]

______________________________________________________________________________________________________

Таткото бега од медиумите, соседите велат: Бобан беше мирен и фин, со сопругата преминаа во Ислам

Славољуб Симеоновиќ, таткото на Бобан Симеоновиќ кој е осомничен дека помагал во организацијата на терористичкиот напад во Берлин, денес во своето родно село не сакал да дава никакви изјави за медиумите. – Мене ми е кажано дека со вас немам никаква работа. Всушност, не е се така како што се пишува, кратко им одговорил таткото […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија воведува засилени безбедносни мерки за претстојните празници

Српското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека воведува дополнителни мерки за безбедност и заштита во пресрет и за време на новогодишните и божиќните празници, како одговор на последните терористички напади во Анкара и Берлин. Дополнителните безбедносни мерки опфаќаат засилен надзор и контрола на граничните премини, аеродромите, железничките и автобуските станици, како и на местата […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина баба Милка- дадилката на децата на Трамп

Милка Милисављевиќ, Србинката која кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите ги чуваше двајцата синови на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, почина синоќа во 85. година од животот во болницата во Белград, по кратко боледување. Оваа Белграѓанка во куќата на Трамп поминала 8 години, и како што изјави има многу убави спомени од таму. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ампутирани двете дланки на момче повредено од петарда

Четиринаесетгодишно момче остана без двете дланки по тешките повреди добиени од петарда. Лекарите морале да му ги ампутираат двете дланки, потдврдуваат од љубљанскиот клинички центар. Момчето има повреди на лицето, очите и слухот, а повредите на рацете беа толку тешки што моравме да му ги ампутираме двете дланки, стои во соопштението. Несреќата се случила во […]

______________________________________________________________________________________________________

Го прекина заветот на молчење – Цеца проговори за врската на Ѓинѓиќ и Аркан

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ реши да го прекине заветот на молчење и после 18 години да раскаже се за пријателството меѓу Жељко Ражнатовиќ и Зоран Ѓинѓиќ. Таа за српски Курир раскажала дека нејзиниот покоен сопруг Аркан му помогнал на покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ да го спаси животот така штои го префрил во Црна Гора 1999 […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанските разузнавачи спречилe повеќе терористички напади

Албанската министерка за одбрана, Мими Кодели изјави дека повеќе терористички напади биле спречени благодарение на успешната работа на тајната служба на војската. Средбата на директорот на ЦИА, Џон Бренан со министерката Кодели, првата недела на овој месец во Тирана, според тиранската телевизија Топ ченал, не беше обична куртоазна средба туку оценка на ставот, позицијата и […]

______________________________________________________________________________________________________

Барбара ја силувале 3 момчиња и ја фрлиле од мост: Родителите на исчезнатото девојче добиле ЗАСТРАШУВАЧКО писмо

За девојчето (15) Барбара Витез, за кое се сомнева дека на 25 ноември паднала од мост во Сента, сеуште се трага. Меѓутоа, родителите Ендре и Мелинда добиле анонимно писмо поради што изчезнувањето на девојчето може да добие сосема нов епилог. Анонимното писмо на унгарски јазик пристигнало на адреса на родителите. – Во писмото стои дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина 11-годишното дете со неверојтен талент

Мирза Топалиќ, младиот фудбалер, денес ја изгуби битката за живот. По дијагностицирање на тумор на мозокот во 2015 успешно е опериран во Загреб. За жал, не успеал да ја победи оваа лоша болест. Мирза е роден 2005 и е сметан за еден од најголемите таленти од БиХ. Во својата кратка кариера настапувал како Шампион Јуниор, […]

______________________________________________________________________________________________________

Дедо Мраз пристигна – непознат човек платил струја за 7 семејства

Прекрасно е да прочитате позитивни приказни, а оваа од Босна и Херцеговина посебно се издвојува од сите. Имено, како што објавиле локалните медиуми во Босна, еден анонимен доброволец кој денеска уплатил струја за седум босански семејства. – Тој не гледал но вера, ни нација, ни боја на кожа, пренесуваат босанските медиуми, сакал само да им […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови детали за атентатот на Зоран Ѓинѓиќ

Србија остана во шок откако српски Курир отрки шокантни информации поврзани со убиството на поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Според „Курир“, Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија, плаќал дури пет милиони долари за ликвидација на премиерот. Сето ова се случувало по 5 октомври 2000 година кога Слободан Милошевиќ беше симнат од власт. Овие сознанија […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1