18/08/2018 12:10
•
Posted by: MK News
Младинскиот камп на Златибор, во кој деца со униформи, по терк на руски кампови, беа подготвувани на воени вештини, е затворен доцна синоќа. Полицијата го затворила кампот затоа што во него децата се обучувале да составуваат и расклопуваат оружје и да пукаат. „Мислам дека ќе научам практични вештини кои немаме прилика да ги научиме во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2018 19:51
•
Posted by: MK News
Триесет осум годишниот Војислав Стојчиќ, син на покојниот полициски генерал Радован Стојчиќ Баџо е уапсен поради сомнение дека учествувал во кражба на домот на директорот на Гранд, Сша Поповиќ. Негоата куќа беше ограбена кон почетокот на март оваа година, а од неа се однесени 100.000 евра. Стојчиќ е успен во средата, а денеска ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2018 23:15
•
Posted by: MK News
Четири македонски државјанки се полесно повредени во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случила во близина на преминот „Ќафасан“, на албанско-македонската граница. Во несреќата учествувало и возило со македонски регистарски таблички. Елетронското издание на весникот „Шекули“ пишува дека во несреќата полесно се повредени македонските државјанки Валерија К. (25), Орхидеа В. (38), А.В.(17) и Андреа К.,кои […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2018 18:20
•
Posted by: MK News
Првпат после години Белгија повторно одлучи да притвора деца и семејства во затворениот центар за мигранти „127 бис“, кој се наоѓа во близина на бриселскиот аеродром. Првото семејство „сместено“ овде е од Србија, станува збор за четири деца помеѓу една и шест години, со мајка им, кои од вчера се наоѓаат во овој затворен центар, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2018 18:10
•
Posted by: MK News
Уште две лица починаа од западнонилскиот вирус во изминатата недела, а бројот на лица што починаа од почетокот на годината се зголеми на 11, според извештајот на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“. Вкупно се регистрирани 126 случаи на заболени од треската на западнонилскиот вирус, според извештајот на Институтот „Батут“, што значи […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди денеска дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување. Насер Рамадани, директор на Инситутот, за телевизијата КТВ изјави дека нема место за паника, но апелира до граѓаните да избегнуваат излегување […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 22:33
•
Posted by: MK News
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен. Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот. ,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2018 12:08
•
Posted by: MK News
Во централниот дел на грчкиот остров Евиа од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир. Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евиа, властите наредија траект линиите […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Српскиот професор по право Срето Ного, кој е претседател на Здружението на граѓани „Осиромашен ураниум“, поттикнувач на иницијативата да се тужат земјите на НАТО и граѓаните да добијат отштета, изјави дека очекува во октомври да бидат напишани првите тужби. – Нашите адвокати ќе им ги достават тужбите со докази на колегите адвокати во Германија, Италија, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2018 21:58
•
Posted by: MK News
Смртта на Александра Божиќ (20) од Нови Сад, која во саботата два часа по полноќ изврши самоубиство скокајќи од Мостот на слободата во Дунав, за нејзините родители и пријатели е целосна мистерија. Според зборовите на нејзината мајка Ивона Драгиќ, Александра немала ниту една единствена причина за да си наштети. Неутешната мајка вели дека неможе да […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2018 12:28
•
Posted by: MK News
Поради изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Хитлер сакаше свет без Евреи и дека Хрватска и нејзината политика сакаат Хрватска без Срби”, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ нема да ја посети Србија, како што претходно најави, објави хрватски „Јутарњи лист”. – По последниот потег на Вучиќ, невозможно е дури и да се размислува за […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2018 12:25
•
Posted by: MK News
Бројот на комарците е над критичните вредности кои бараат третман и запрашување на 13 од 22 локации, додека комарци носители на вирусот Запад Нил се откриени на девет мониторинг места во Панчево и неговата околина, се вели во најновиот извештај на српскиот Институтот за биоциди и медицинска екологија. Од Институтот за биоциди и медицинска екологија […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2018 13:48
•
Posted by: MK News
Лекови за циркулација и проблеми со срцето, вијагра и цитостатици што содржат цемент, но и крема за обувки – ова се наоѓа меѓу запленетите 100.000 фалсификати кои претставуваат голема опасност ако стигнат до пациентите. Тоа се дел од податоци од Царинската управа на Република Србија за 2017 година, а само во првите шест месеци од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Папата Франциск лично нареди да се исфрли од редот на Фрањевците сплитскиот фратар Грацијано , откако призна дека злоставувал момчиња. Сплитскиот фратар Фрацијано Стипе Гашперов е исфрлен од редот на Фрањевците по лична наредба на Папата Франциск. Тој призна дека сексуално злоставувал малолетни момчиња , тврдејќи дека тоа била негова грешка. ,,Папата го разреши свештеникот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2018 13:33
•
Posted by: MK News
Армијата на Србија превентивно ја подигнала борбената готовност на целата територија поради тензиите на Косово, објави српскиот весник Новости. Откако вчера била одржана седница на Советот за национална безбедност, весникот наведува дека безбедносните служби ги засилиле своите активности за да се предупредат „плановите на властите во Приштина да се предизвикаат немири во Косово, но и […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2018 11:58
•
Posted by: MK News
Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули во раните утрински часови, а погребот беше одржан во неговата родна Вела Лука. Испраќањето започна со инструментални песни на Оливер, кои беа проследени со солзи и воздишки на насобраните.Илјадници луѓе се простуваа од Оливер Драгојевиќ. „Оливер, ќе останеш трајно и вечно во нашите срца. Знам дека не […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Девет лица се повреден во пожар што избувна синоќа во белградската општина Земун. Белградската службата за Брза помош информираше дека помош им била пружена на седуммина пожарникари кои „се надишале чад“, а еден од нив се здобил и со изгореници, но е вон животна опасност. Уште две други лица, исто така, се жалеле на гушење […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2018 13:24
•
Posted by: MK News
Легендарниот пејач почина во неделата на 71-годишна возраст. За себе ја остави ожалостената сопруга Весна, со која бил 44 години во брак, синот Дино и блзинаците Дамир и Давор. Со бродови од Вис и Хвар дојдоа само за да се поздрават со Оливер.
______________________________________________________________________________________________________