Archive | Балкан RSS feed for this section

Бугарското Собрание изгласа: Кирилицата е бугарска азбука – Кирил и Методиј се Бугари

Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Отишол на хемодијализа – му вбризгале средство за дезинфекција и починал

Трагедија во болница во Хрватска. 62 годишен пациент почина за време на хемодијализа, бидејќи примил погрешно средство. Наместо физиолошки раствор, на пациентот во болницата во Чаковец му било инјектирано дезинфициенс. (средство за дезинфекција). Болницата првин објави дека е инјектирана погрешна супстанција, а подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври. Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври. Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали од падот на српскиот авион:Пилотите загинале,за да ги спасат селаните

Објавени се причините за падот на српскиот воен авион МиГ-21, што се урна во петокот во селото Брасина кај Мали Зворник. Загинаа двајцата пилоти, 49-годишниот Дејан Крсник и шест години помладиот Звонко Васиљевиќ. За нив, фатална беше малата височина, помеѓу 200 и 400 метри и ризичниот маневар со авионот. Пилотите ги испуштиле резервоарите за гориво […]

______________________________________________________________________________________________________

Црна Гора воведува карантин во Никшиќ, Беране и Андријевица

Црна Гора повторно воведува карантин. Во Никшиќ, Беране и Андријевица, од 28 септември до 12 октомври, забрането ќе биде напуштање на станбени згради од 22 до 5 часот наутро, а забранета е и работата на угостителските објекти, како и домашни посети. Со оглед на исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Ветераните на ОВК му порачаа на ЕУЛЕКС дека ќе му одговорат „исто како на Југославија“

Секретарот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Фатон Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес. Таковото однесување, изјави Клинаку, наликува […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУЛЕКС упадна во канцелариите на ветераните на ОВК, најавени нови апсења

Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнина. Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии. Акцијата уследи по вчерашното апсење на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Србија се урна воен авион, пилотот загинал

Авион „Миг 21“ на српската војска се урна утрово околу 9:00 часот во атарот на селото Брасина кај Мали Зворник при извршување на редовна задача, соопшти српското Министерството за одбрана. Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по другиот се трага. Повреден е жител во чиј двор се урнал авионот, јави РТС. Повредениот локален жител […]

______________________________________________________________________________________________________

Каракачанов: Не е време за старт на преговорите за Македонија

Бугарија останува на ставот дека ќе ги блокира македонските евроинтеграции. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов вчера во изјава за бугарската телевизија Европа вели дека ставот на бугарската Влада е дека не е време де се закаже првата меѓувладина конференција за Македонија со која и официјално стартува процесот на преговори за членство во […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарија до земјите од ЕУ: Македонците се проект на Тито, јазикот е дијалект на бугарскиот

Бугарија испратила објаснувачки меморандум со услови до земјите членки на ЕУ за евроинтегративниот пат на Македонија. Официјална Софија бара поддршка од нив за својата позиција во однос на македонскиот идентитет и јазик. Како што пренесува РСЕ кои имале увид во документот во него биле наведени неколку тврдења дека македонската нација е творба на Тито, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Момчило Краишник почина од ковид-19

Првиот претседател на Националното собрание на Република Српска, Момчило Крајишник изутрината починал на Клиниката за интензивна нега во Бањалука, на 75 годишна возраст. Крајишник бил примен во Универзитетскиот клинички центар откако се заразил со корона вирусот, објави РТРС од Бања Лука. Крајишник беше осуден од Хашкиот трибунал на 17 март 2009 година на 20 години […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денеска по влез во Словенија следи 10-дневен карантин

Од денеска карантинот во Словенија е скратен од 14 на 10 дена, а се однесува на патници кои доаѓаат од земји со висок ризик, како и за лица кои биле во контакт со заразени лица, пренесува СТА. Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада пред неколку дена предложи да се намали времетраењето на задолжителниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Што е потпишано – текстот на договорот меѓу Србија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, потпишаа договори со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина. Договорите на Србија и Косово со САД имаат по 16 точки, првите 15 се исти во двата документи, додека точката 16 е различна. Текстот […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп: Договорот ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени денеска на потпишувањето на договорот за економска нормализација на Белград и Приштина дека беше потребна голема храброст на лидерите на Србија и Косово да го финализираат овој договор. – Овој договор ќе ги направи овие две балкански земји подобро и побезбедно место, изјави Трамп, Тој потенцира дека овие земји […]

______________________________________________________________________________________________________

Дачиќ: Присуството на Трамп на средбата во Вашингтон ќе биде гаранција за потпишаното

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека денеска се очекува да се финализираат преговорите меѓу Белград и Приштина во Белата куќа и дека на потпишувањето на „економскиот документ“ ќе присуствува и самиот врв на американска администрација, што ќе биде гарант за потпишаното. -Се шпекулираше дека тоа ќе биде потпретседателот Мајк Пенс или претседателот Доналд […]

______________________________________________________________________________________________________

Дали победата на Ѓукановиќ од 3 пратенички места ќе бидат доволни за влада?

Државната изборна комисија на Црна Гора ги објави резултатите од парламентарните избори врз основа на 100 проценти од преброените гласови. Според конечните резултати, Демократската партија на социјалистите освои 35,06 проценти, или 143.548 гласови, а коалицијата За иднината на Црна Гора 32,55 проценти – 133.267 гласови. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освои 12,53 проценти (51.229), „Црно-белите“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Од утре сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб. Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија. – Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре – објави Мугоса, пренесува „ЦДМ“, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1