19/02/2017 15:49
•
Posted by: MK News
Русија планирала да го убие поранешниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и да ја собори неговата влада во минатата година, објави Дејли телеграф повикувајќи се на извор во Владата на Британија. Во текстот се наведува дека државниот удар на денот на парламентарните избори го воделе руски разузнавачи со поддршка од Москва за да го […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2017 20:30
•
Posted by: MK News
На мојата Милица и е многу лошо. Ги молев докторите да ми дозволат да ја крстиме, за ако почине да биде горе меѓу ангелите каде и заслужува да е. Ова со солзи во очите го вели 22-годишната Славица Васиќ, мајката на девојченцето родено пред 17 дена, кое таткото го фрли на под. Бебето е тешко […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2017 09:54
•
Posted by: MK News
17 годишната Мина П. на пешачки премин вечерва околуј 20:30 ја урди автомобил со кој управувал пејачот Халид Муслимовиќ, дознава Блиц. Сообраќајката се случила во Сурчинската улица кога автомобилот налетал на тинејџерката. Таа за среќа се здобила со полесни повреди и пренесена е во Ургентниот центар.
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2017 20:58
•
Posted by: MK News
Каков е овој тест за првачиња? Како мајка сум огорчена. Пола одделение доби единица поради ова. Рекоа ќе ги префрлат децата во друго училиште ако ова продолжи. Фер ли е? Дали е ова тест за дете на таа возраст? Ова го напиша револтирана мајка од Србија и го приложи тестот на нејзиното дете.
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2017 17:46
•
Posted by: MK News
30-годишна мајка од словенскиот град Јесенице која се суди поради тоа што со нејзиниот вонбрачен партнер до смрт ја претепала 2-годишната ќерка во средата пред судот ги отфрлила сите наводи во обвинението. – Не ги признавам наводите и фактите наведени во обвинението, изјавила Санда Алибабиќ. Таа заедно со нејзиниот љубовник Мирза Јакупи (33) во јули […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2017 13:39
•
Posted by: MK News
Словенечките медиуми откриваат детали за убиството на 26-годишниот Андреј, кое ја потресe Словенија, но и регионот.На двајцата монструми, 20-годишниот Алеш Оловец и 29-годишниот Мартин Ковач им се заканува казна од 15 години затвор, но Словенците на Фејсбук отвориле страна “Сите ние кои сакаме убијците од Кршко да добијат доживотен затвор”. Засега имаат 7.300 лајкови. На […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2017 12:21
•
Posted by: MK News
Мајката на момчето кое вршело тортура врз познаник и тоа го емитувал на Фејсбук, застанала во одбрана на синот. Пред ТВ камерите изјавила дека очигледно “некој го налутил“ штом направил такво нешто… Алеш Оловец, 20 годишен од околината на Кршко, кој заедно со пријателот Мартин Ковач (29), до смрт го претепал и мачел Андреја Цекута […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2017 12:52
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе се кандидира повторно на претседателските избори, јави „Спутник“, а подоцна и Б92 ја потврди информацијата, повикувајќи се на извори во кабинетот на Николиќ. Српските медиуми јавија дека Николиќ одлуката за кандидатурата ја донел синоќа на прославата на неговиот 65 роденден. Претходно, Танјуг пренесе дека од кабинетот на Николиќ не сакале […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2017 12:41
•
Posted by: MK News
Американците го имаат мрмотот Фил, Србите мечката Гоца како временски прогнозер. Ако се суди според вториот случај, Србија и регионот ќе го почекаат крајот на зимата. Мечката Гоца од зоолошката градина во Белград, мрзоволно се извлече од својата пештера и остана да лежи без да се прошета во потрага по храна, што според верувањата, значи […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2017 21:21
•
Posted by: MK News
Трагичниот настан ја зачуди Словенија посебно фактот што насилниците сето тоа го снимаа, и го емитуваа во живо на Фејсбук, при што го видоа речиси 250.000 луѓе, а меѓу нив и многу млади. Младиот Словенец (26) од околината на Кршко, е брутално мачен и понижуван од страна на двајца напаѓачи, а тие снимката ја објавија […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2017 21:20
•
Posted by: MK News
Фотографијата од претепаната баба од Босна и Херцеговина кружи на социјалните мрежи и го шокираше целиот регион. Старицата била претепана наводно поради тоа што загубила детска играчка. Случајот во полицијата го пријавил другиот син на ова баба. Во претепувањето на старицата биле вклучени нејзиниот син, неговата сопруга и нејзините две сестри. Наводно сопругата се започнала, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2017 21:12
•
Posted by: MK News
Лазо Станаќев завчера од болницата ги испрати својот брат Радован (53), сопругата Етелка (46) и ќерката Дијана (21), кои загинаа во страотен судар. Тешката сообраќајна несреча во која загинаа Радован Станаќев, неговата снаа Етелка и внуката Дијана го зави во црно две куќи во Ново Милошево кај Кикинда. Тројцата роднини загинаа при враќањето од болницата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2017 21:04
•
Posted by: MK News
Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС), попладневно реши партиски кандидат за претседател на Србија на претстојните избори да биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави РТС. По едночасовната седници на Пртседателството, српскиот министер за внатрешни работи и потпретседакте на СНС, Небојша Стефановиќ изјави дека Вучиќ бил едногласно избран за кандидат за српски претседател на партијата. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2017 20:58
•
Posted by: MK News
Девојчето Анџелика Варга (15) за чие исчезнување во Нови Сад денеска на големо пишуват социјалните мрежи, пронајдена е пред половина час на административната граница со Косово! „Возачот на автобусот ја препознал на основа на фотките објавени на социјалните мрежи. Им благодариме на сите кои ја споделија објавата! Среќната вест први ја објавија од Фондацијата Тијана […]
______________________________________________________________________________________________________
13/02/2017 13:43
•
Posted by: MK News
Кривична пријава за искористување на малолетничка за порнографија е поднесена против 26-годишен маж од околината на Белград кој од 9-годишно девојче од Ниш барал фотографии на кои е гола. -Многу брзо откако се запознале преку интернет, си размениле телефонски броеви и секојдневно разговарале. Што ја придобил довербата од детето, осомничениот со неа почнал да води […]
______________________________________________________________________________________________________
11/02/2017 15:20
•
Posted by: MK News
Грчките власти подготвуваат масовна евакуација на населението од вториот по големина град Солун, од каде привремено ќе бидат иселени 72.000 жители за да биде деактивирана и отстранета бомба од Втората светска војна. Според најавите, бомбата ќе биде деактивирана утре. Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото каде е пронајдена, а оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2017 21:40
•
Posted by: MK News
Тајно писмо откриено во вазната за цвеќиња на гробот на водачот на Тигрите. Гробот на Жељко Ражњатовиќ Аркан не го посетуваат само неговата сопруга и децата, туку и жена во средни години, екслузивно дознава српски Курир. Луѓето кои работат на новите гробишта рекле дека непозната госпоѓа дошла пред неколку дена и оставила цвеќе во вазната. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2017 15:36
•
Posted by: MK News
Грчки сеизмолози се загрижени за активирање пукнатини северно од Лезбос. Тие стравуваат дека тоа може да доведе до земјотрес од 6.6 степени. Професорот по сеизмологија при Аристотеловиoт универзитет на Солун, Константинос Папазахос изрази своето мислење по трите земјотреси над 5 степени според Рихтеровата скала околу островот Лезбос. Според него, пукнатини во регионот е генерирана од […]
______________________________________________________________________________________________________