На мажот му забила нож во срце: Судот ја пушти на слобода- еве поради што


Врховниот суд во Загреб ја укина пресудата на 23 годишната Кармен Ѓорѓевиќ која се товари за убиство на својот 35 годишен сопруг Саша Ѓорѓевиќ.par-640x360-1

Кармен во вторникот доцна поладне излезе од затворот во Дубровник каде што поминала десет месеци, а одлуката за пуштање на слобода ја донесе врховниот суд во Загреб кој ја укина нејзината казна од 10 години затвор.

-Ваквата одлука секако дека беше позитивен шок за сите, а највеќе на Кармен при што и падна камен од срце, но секако и дека се уште постои жалење и тага кај неа заради се што се случи, изјави адвокатот на Кармен.

Кармен го уби својот сопруг во нивниот стан еден час по полноќ откако таа се вратила од ноќна забава со другарките, а при кратка расправија и насилство од страна на својот сопруг таа од кујната земала нож при што го прободела директно во срцето и му направила рана длабока 10 сантиметри.

Судот ја ослободи мајката на едногодишниот нивни заеднички син, откако заклучил дека таа тоа го направила во самоодбрана и без никаква претходна намера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1