Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Струмичанка преживеа хорор: Го барала поранешниот сопруг, непознати ја нападнале и се обиделе да ја силуваат

На 17.09.2016 година во 23:00 часот во СВР-Струмица, Ц.А. (29) пријавила дека била физички нападната и дека малолетник се обидел да ја силува. Синоќа околу 22:00 часот додека била во с. Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг и пришле две непознати лица кои и рекле дека истиот го познаваат и дека знаат каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Милионска кражба се случи во скопско Ново Лисиче

Вчера во Скопје на Булеварот .„АСНОМ“во стан сопственост на 36-годишниот Х.Б. непознат сторител со погоден алат ја отворил влезната врата и одзел златен накит, 4.750 американски долари, 3.000 евра, 80.000 денари по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна корист од околу 2.000.000 денари. Се превземаат мерки за откривање и пронаоѓање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетник нападнат во автобус на ЈСП, дете му се заканувало со нож

На 16.09.2016 година околу 18:30 часот во полициската станица Гази Баба било пријавено физички напад врз малолетник. Како што информира МВР, на 15.09.2016 година околу 13:00 часот ул.„Александар Мартулков“ додека 16-годишен малолетник се возел со неговите другари од училиште во автобус бр. 50 на ЈСП на релација „Битпазар“ до нас. Автокоманда, се качиле околу 10 […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 16 годишно девојче од Велес

На 16.09.2016 година во ПС-Велес С.Р. (41) од с.Кочилари пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот нејзината 16 годишна ќерка излегла од средното училиште во Велес помеѓу часовите на голем одмор, по што не се вратила. ПС-Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Штип: Жена паднала од тераса, починала на лице место

МВР денеска соопшти дека вчера околу 09,00 часот во Штип на улицата „Карл Маркс“, од зграда од 2-от кат паднала од тераса 87- годишната С.И. при што починала на лице место. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип.

______________________________________________________________________________________________________

Детали за пукањето кај Градска болница

Во Скопје во близина на автобуската постојка пред Градска општа болница-Св.Наум Охридски, синоќа околу 23,35 часот две непознати лица кои биле со моторцикл пукале од огнено оружје кон патничко возило „БМВ“ сопственост на А.И. од Скопје, а управувано од С.К. (18) од велешкото село Бузалково. МВР денеска соопшти дека нема повредени и извршен е увид […]

______________________________________________________________________________________________________

Грк пронајден мртов на паркинг во Битола

Вчера околу 20 часот и 15 минути во СВР-Битола, од екипа на Итната медицинска помош, пријавено е дека на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“, на паркингот во кругот на хотел „Епинал“, покрај возило „Хонда“, пронајден е починат 77-годишниот В.Б.К. од Грција. Увид на лице место извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител над телото на […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка сообраќајка пред Демир Капија – банкината му го пресекла возилото на половина

С.Н. (63) од Неготино, со неговиот автомобил марка” хјундаи” се забил во заштитната ограда на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во близина на клучката за селото Смоквица. Во незгодата најтешко повреден бил сопатникот К.Ѓ., кој со возило на Брзата помош е хоспитализиран во Болницата во Гевгелија. До несреќата дошло поради неприспособена брзина на условите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка помеѓу две фамилии во скопско Сингелиќ

Вчера околу 18.10 часот од ЕИК-Скопје добиено е известување дека во 17.15 часот во с.Сингелиќ настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две семејства. По извршениот разговор со членовите од едното семејство утврдено е дека расправијата започнала околу поделба на месо од комбе кое било паркирано кај џамијата. Во еден момент членови од другото семејство […]

______________________________________________________________________________________________________

Забрана за работа за професорите од Економски факултет осомничени за земање на мито

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави нов Предлог за определување на мерка на претпазливост против шест лица обвинети во предметот познат во јавноста како „Еразмус”. Со цел да превенира состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната […]

______________________________________________________________________________________________________

Обид за киднапирање деца во Драчево!?

Обид за киднапирање деца и во скопско Драчево? Мајката на едно од децата кое било мета на киднаперите на социјалните мрежи го раскажа случајот и упати апел до родилите да внимаваат на своите најмили. Во петокот нејзиниот син со другарчето после училиште тргнале до пекарата да си купат за јадење, но набрзо се вратиле пребледени […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма на Првомајска, им се обратил за помош, тие го претепале

Ноќеска околу 00.50 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ лицата Д.И. (41) и Д.С.(25), двајцата од Скопје, го нарушиле Јавниот ред и мир со физички напад над А.Б. (41) од Скопје. Кога А.Б отишол кај Д.И. со намера да разговара и побарал помош, Д.И. ја затворил вратата, при што го искршил стаклото од истата. После […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете се бори за живот по сообраќајката на Средно Водно

Вчера околу 16.00 часот на локалниот пат за Средно Водно се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.К. (18) од Скопје и велосипед „Рог“ управуван шеснаесетгодишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди(скршеница на рака, нога и повреди на глава) се здобил велосипедистот кој бил пренесен и задржан […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе платеа со живот: Двајца малолетници тешко повредени, правеле селфи на вагон

Вчера околу 23.00 часот во Куманово, на Железничката станица, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години се качиле на товарниот воз(вагон-контејнер), кој бил во мирување за да се сликаат над контејнерот. Притоа, во еден момент шеснаесетгодишникот од Куманово остварил физички контакт со електричниот проводник над возот при што се здобил со изгореници во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка несреќа на Водно

Од се уште неутврдени причини, велосипедот управуван од тинејџер се судрил со мотоциклот.Две лица се потешко повредени во тешка сообраќајка која попладнево се случила на Водно. Очевидци велат дека во сообраќајката учествувал мотоцикл и велосипед, јавува Курир.мк Нa лице место веднаш дошла екипа на Брза помош и полиција. Повредените за кои очевидците велат дека се […]

______________________________________________________________________________________________________

Се степале осум лица во кафуле во Скопје – настрадало 16-годишно девојче

Синоќа во 22.40 часот во Скопје на булевар „ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна. По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема тепачка синоќа на Партизанска во Скопје

На 09.09.2016 година во 22.40 часот во Скопје на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на Јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна. По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син претепаа директор на гимназија

На 09.09.2016 година во 13.50 часот во ПО Галате, Б.Р. (45) од с.Неготино пријавил дека во с.Неготино во дворот на гимназијата, Б.Д. (42) од с.Неготино и неговиот седумнаесетгодишне син, ученик во школото, физички го нападнале директорот на гимназијата К.Р. (43) од с.Топлица, при што го удирале со тупаници во пределот на главата. Истиот бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1