Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Филмско апсење кај поранешна „Славија“ – Тројца полицајци на Ургентен (Видео)

Тројца припадници на единицата „Алфа“ попладнево се повредени во сообраќајна несреќа која се случила при обид да приведат лице кое се бара за издржување затворска казна. Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било забележано лице кое се барало за […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на загинатиот скопјанец

Едно лице загина во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на пет километри од грачко-македонската граница на автопатот Солун – Гевгелија, во близина на преминот Поликастро. Од Министерството за надворешни работи за „Република“ информираат дека се работи за 29-годишниот М.С. од Скопје. Тој управувајќи со своето возило „шкода суперб“ излетал од коловозот и се забил […]

______________________________________________________________________________________________________

Акција на полицијата во Тетово: Приведени осудени убијци, крадци и насилници

Четири лица од тетовско кои се барале за издржување затворски казни за различни кривични дела во текот на вчерашниот ден се приведени и предадени за издржување на казните. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информираше дека со најголема затворска казна бил Н.Љ.(51), кој се барал за издржување казна затвор од четири години и 10 месеци […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во скопски ресторан

На 08.09.2016 година околу 02.19 часот во ЕИК-Скопје, анонимен граѓанин пријавил дека во угостителски објект “Муц“ имало нарушување на Јавниот ред и мир, при што некои од лицата испукале неколку куршуми од пиштол. На местото на настанот биле затекнати повеќе лица (вработени и гости), а пронајдени се еден неиспукан куршум, една чаура и забележана е […]

______________________________________________________________________________________________________

Измама со туристички аранжмани и авио билети

Прилепското јавно обвинителство по поднесената кривична пријава донесе „наредба“ за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице од Прилеп осомничени за измама. – Првоосомниченото лице, како управител и во име на второосомниченото правно лице, од крајот на 2015 година до крајот на месец август годинава, со намера за себе и за правното […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРЕСУДА ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА СОПРУЖНИЦИТЕ: Две години затвор за српскиот возач, година за возачот на автобусот (ФОТО)

Двајцата возачи кои учествуваа во сообраќајната несреќа кај Демир Капија, во која загинаа сопружници ќе одговараат за делата. Имено српскиот 46-годишен возач Драган Степановиќ , доби две години затвор, а 60-годишниот струмичанец Ѓорги Витанов, доби една година затвор, со поткрепа дека се виновни за извршено тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Страшната сообраќајна […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка го нашла сопругот мртов во спалната соба со прострелна рана во главата

Вчера во 11.30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на улица „Васил Главинов“, 80- годишната А.И. околу 09.20 часот го пронашла нејзиниот сопруг Г.И. (89) во спалната соба без знаци на живот со прострелна рана во пределот на главата. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава за градоначалникот на Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановскиот градоначланик Зоран Дамјановски, Л.Л.С. (52)-раководител на Секторот за урбанизам и В.Л. (62) -раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. МБР соопшти дека Дамјановски во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања […]

______________________________________________________________________________________________________

Организатор на големи пратки со хероин и марихуана падна во рацете на македонската полиција

Полицијата попладнево го лиши од слобода лицето Амет С., кај кого се пронајдени 100 килограми марихуана, кои сега приведениот преку друго лице сакал да ги транспортира во Турција. Според информациите до кои дојдовме, Секторот за недозволена трговија со дрога дошол до сознанија дека Амет С., кој инаку е познат на службата како организатор на поголеми […]

______________________________________________________________________________________________________

ХОРОР: Малолетничка киднапирана, продавана и силувана во Гостивар

Полициските инспектори од повеќе служби од вчера започнале истрага во повеќе градови низ Македонија откако 17 годишна девојка во тетовската полиција пријавила дека од јуни до сега била принудувана на сексуални односи, при што цело време била држена затворена. Голготата на девојката започнала во јуни кога двајца непознати од нејзиното село Србиново близу Гостивар ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Скопје: Го претепале и го врзале, па побегнале со богатиот „плен“

Вчера околу 16.00 часот во Скопје, во кругот на ЖАС, три непознати машки лица извршиле разбојништво над Е.М. (29) од Скопје, при што му биле одземени 800.000 денари. Имено, Е.М. со возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма „Јадран“, дошол да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат. […]

______________________________________________________________________________________________________

Прилепчанка преку туристичка агенција ги мамела граѓаните со авионски карти

Полициската станица во Прилеп до прилепското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.Ч.(29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“, како и против правното лице „СТОРИА ТРАВЕЛ“ ДООЕЛ Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец се бори за живот по сообраќајка во Илинден

На 04.09.2016 година во 16:30 часот во Скопје, на клучка „Илинден“ се случила сообраќајна незгода. Во сообраќајката А.А. (63) од н.Илинден-Скопје, управувајќи мотоцикл „Лифан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во метални браници и паднал на коловоз. А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнало 13-годишно девојче од Кичево

Вчера во Полициската станица Кичево, С.А. (55) пријавил дека на 31.08.2016 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата 13-годишна малолетна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Три малолетнички се исчезнати, полицијата во потрага

Петнаесeтгодишна тетовка ја нема седум дена, а скопјанка и неготинка три дена не ги видел никој. Од четврток 1 септември во полициската станица во Кисела Вода, С.Д. (54) пријавил дека на 31 август годинава од домот во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка.Полицијата трага по уште две малолетни девојчиња едната од Тетово, другата […]

______________________________________________________________________________________________________

Во пештера во Кичевско пронајдени череп и коски

Вчера околу 12 часот во атарот на селото Бачишта-кичевско на м.в.Бачишки Ливади“ покрај Бачишка река, во пештера се пронајдени делови од скелет (черепи, коски и сл.), соопшти МВР. Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од МВР-ОКП, НК за КР-Кичево, ОКТ при СВР-Охрид и увидна екипа од ПС-Кичево.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец нападнат, претепан и ограбен

На улицата „Кеј Димитар Влахов“ рано изутринава околу 5 часот додека Б.Ј. се движел пешки бил нападнат од страна на четири непознати лица. Тие излегле од возилото во кое се наоѓале, при што едно од нив го удрило во пределот на главата и откако паднал, лицата физички го нападнале барајќи му го мобилниот телефон, а […]

______________________________________________________________________________________________________

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Познат идентитетот на загинатиот и ранетите од Тетово

На 02.09.2016 околу 23:30 часот во Тетово на ул.„188“ се случила расправија помеѓу лицата А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна, и од друга страна Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Во еден момент Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К. Х.М. починал на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1