02/09/2016 15:07
•
Posted by: MK News
Уште еден Албанец од Македонија убиен е на боиштата во Сирија Станува збор за Б.Ш од Сарај кој што им се приклучил на востаниците во Сирија за рушење на режимот на Асад. Инаку, од Македонија во Сирија и светот има околу 60-тина борци кои учествуваат во војни и паравоени формации.
______________________________________________________________________________________________________
02/09/2016 14:16
•
Posted by: MK News
Шеснаесетгодишнo момче од Скопје е нападно со чекан и ограбено синоќа во 18.45 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, засега непознат сторител со сериозна закана со чекан на малолетникот му одзел мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2016 14:50
•
Posted by: MK News
Силни пламени јазли во целост го уништија автомобилот. причините за пожарот се уште не се познати, а противпожарната екипа реагираше брзо и спречи проширување на огнот. -Претпладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Стража, патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки се запалило. Територијалната против пожарна единица веднаш интервенирала и пожарот е […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2016 14:47
•
Posted by: MK News
На 31.08.2016 година на патот за скопското село Говрлево, пронајден е починат П.С. (74) од Скопје. Тој на 24.08.2016 година бил пријавен за исчезнат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2016 14:26
•
Posted by: MK News
Вчера во периодот од 8 до 9.30 часот во с. Барбарово, Струмичко, на патот во близина на училиштето, непознат сторител извршил убиство над З.А. (73) од истото село, нанесувајќи ѝ повреди со тврд предмет во пределот на главата. Телото на З.А. го пронашла нејзината внука, која го известила својот татко – Т.А. (син на З.А.). […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2016 14:17
•
Posted by: MK News
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.К. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Како што информира полицијата, пријавениот на 25.07.2016 година на ул. „Бистра“ во Битола околу 12:00 часот со употреба на физичка сила и тврд предмет ја нападнал М.Ј. (18) и нејзиниот другар Д.Ј. (24). Тој ги […]
______________________________________________________________________________________________________
01/09/2016 13:37
•
Posted by: MK News
По усшешно спроведената акција „Брана“, во која завчера беа поднесени крвични пријави против седум лица кои криминално дејствувале во и надвор од Македонија, Министерството за внатрешни работи вчера спроведе нови претреси. Како што за „Република“ потврдуваат од Министерството, во текот на вчерашниот ден биле спроведени нови реализации поврзани со сузбивање на наркокриминал. За постигнатите резултати […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2016 14:59
•
Posted by: MK News
Вчеравечер во МВР, скопјанката Н.Т. (50) пријавила дека на 29 август од 21 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка Х.Т.(24). МВР извести дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2016 14:45
•
Posted by: MK News
Јавен обвинител, лекар и полициски инспектор од Битола им помагале на наркодилери, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој нагласи дека нивното противзаконско делување и помагање на криминална банда која продавала наркотици во Скопје, Велес и во Свети Николе се откриени во двегодишната акција „Брана“, која продолжила и утринава под оперативно име „Мрежа“. […]
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2016 14:39
•
Posted by: MK News
Полицијата извести дека веќе два дена трага по две деца од 15 и 13 години кои исчезнале од објект на Министерството за труд и социјална политика каде се сместувале баратели на азил. Од МВР велат дека исчезнатите деца се од Сирија со статус баратели на право на азил.
______________________________________________________________________________________________________
31/08/2016 13:37
•
Posted by: MK News
Три лица на возраст од 35, 38 и 42 години се сомничат дека организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропони супстанци, информира Министерството за внатрешни работи. Лицата се откриени при криминалистичко истражување „Брана“, а во рамки на оперативната акција „Мрежа“. – За таа цел […]
______________________________________________________________________________________________________
30/08/2016 16:15
•
Posted by: MK News
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(19) и неговиот 15-годишен брат двајцата од село Грчец, осомничени дека во временскиот период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со […]
______________________________________________________________________________________________________
30/08/2016 16:14
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири годишниот скопјанец Дарко К. е момчето кое вчера го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на потегот помеѓу Средно Водно и училиштето Кочо Рацин. Сообраќајката во која едно лице го загуби животот, се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно. Во несреќата учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ […]
______________________________________________________________________________________________________
29/08/2016 16:23
•
Posted by: MK News
Таксист е нападнат со нож и ограбен додека возел патник вчера околу 13:30 во населба Керамидница во Скопје. Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, патникот се качил во возилото, седнал на задното седиште и со закана со нож на таксистот И.В.(42) му одзел околу 12.000 денари, по што избегал. Се работи на целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2016 12:52
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 22:57
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа прд малку се случи во близина на Јаја Паша поточно на улицата Цветан Димов. Очевидвците велат дека автомобил удрил во мотоциклист и едно лице било повредно. На местото на несреќата веднаш пристигнала екипта на Брзата помош која на повредениот веднаш му укажале лекарска помош и го однеле во болница. За подетални информации […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 15:24
•
Posted by: MK News
Шеесет и тригодишен жител на Кочани вчера бил најден мртов во неговото возило. Вчера околу 17.30 часот на локалниот пат Кочани-одмаралиште „Пониква“, атар на село Лешки, кочанско, во неговото возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат Ј.П (63) од Кочани. Како што информираат од полицијата, смрт е констатирана од доктор на Итна […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2016 15:22
•
Posted by: MK News
Двајца полицајци се повредени во Радовиш додека спречувале истовар на огревно дрво. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил вчера во 13.15 часот на улицата Шаин Маале во Радовиш кога патрола од тројца полицајци забележала како две непознати лица од возило „лада“ без регистарски ознаки, растоварале дабови огревни дрва. Полицајците се обиделе да ги спречат двете […]
______________________________________________________________________________________________________