10/03/2015 18:30
•
Posted by: MK News
На 13 февруари, кочанецот Ф.С., на возраст под 62 години, откако претходно на негов сограѓанин го излажал дека ќе му обезбеди да замине за Австралија, го одвел во банка во Кочани од каде тој подигнал 49.156 американски долари и 562 евра. Откако ги зел парите, му ги дал на измамникот, и од тогаш ниту го […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2015 14:59
•
Posted by: MK News
Расправија која кулминирала со физички напад се случила минатата ноќ во локал во трговскиот центар Соравија. К.М.(18), Ѓ.Н.(16) и С.А.(18) започнале расправија со 18-годишниот Љ.М., кој како што неофицијално дознаваме бил менаџер на локалот и не ги пуштил тројцата да влезат. Од полицијата информираат дека по расправијата С.А. физички го нападнал Љ.М. додека останатите фрлале […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2015 09:30
•
Posted by: MK News
Семејна трагедија вечерва се случила во домот на семејството Мусови во Градско. Според првичните информации, 17-годишниот син О.М. сакал да ја премести ловната пушка во друга соба, но не знаел дека истата е полна, при што дошло до испукување. Куршумот ја погодил неговата мајка, 52-годишната Ѓулизера која починала на лице место. Во тек е полицискиот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2015 20:45
•
Posted by: MK News
Трагично згаснал животот попладнево во Скопје на 36-годишниот Иле Ѓ. од селото Лозово. Трагедијата се случила кога сега загинатиот, работејќи на објект на улицата Пандил Шишков во скопската населба Аеродром паднал од 8-от кат и го загубил животот. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид, по што е повикана и Трудова инспекција, која треба да утврди […]
______________________________________________________________________________________________________
05/03/2015 17:13
•
Posted by: MK News
Вистински хорор и се случил на 46-годишна скопјанка откако сопругот ја претепал со метална цевка. Како што соопштуваат од македонската полиција, сопругот ја претепал скопјанката, а потоа бил приведен од страна на полициските АЛФИ. Според најновите податоци до кои дојде Канал5, жената е хоспитализирана на неврохирургија, се наоѓа во кома и е приклучена на апарати за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/03/2015 18:39
•
Posted by: MK News
Полицијата по извршениот увид го откри идентитетот на женскиот труп кој вчера беше изваден од водите на Вардар. Станува збор за 84-годишната Ленка П. која на 16-ти минатиот месец во вечерните часови била пријавена за исчезната. Скопјанецот С.С.(58) пријавил дека истиот ден таа се оддалечила од дома во непознат правец. Нејзиното безживотно тело во фаза […]
______________________________________________________________________________________________________
03/03/2015 20:19
•
Posted by: MK News
Мртво тело на жена било пронајдено во водите на реката Вардар близу селото Студеничани, пренесува Плусинфо. Случајот бил пријавен во полиција во 14.30 часот. Пријавувачот кажал дека во реката во близина на задругата е забележано женско тело. Според информациите на Плусинфо, телото било во почетна фаза на распаѓање.
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2015 09:30
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случи вчера пред Собрание, автомобил Ауди А4 од засега непознати причини се забил во семафорите на ракрсницата. Нема информации за повредени лица, иако на самото место има екипа на Брза помош и полиција јавува Сител
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2015 12:01
•
Posted by: MK News
Исчезна уште еден скопјанец. По пријавите кои деновиве пристигнале во полициска станица, дека се исчезнати неколку скопјани, вчера во периодот околу 13 часот В.Х.К. од Бит Пазар пријавила дека нејзиниот брат, 29-годишниот А.К. заминал од домот и последен пат се слушнале на 19.февруари околу 20 часот и од тогаш не знаат ништо за него. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 19 часот и 40 минути на патниот правец А3 Битола – Ресен, кај местот викано Чешмите. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило со марка BMW со битолски регистарски таблички и камион со албански регистарски таблички. 47 годишниот Б.К кој управувал со BMW-то загинал на лице место. Неофицијално, се работи […]
______________________________________________________________________________________________________
25/02/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа во која животот го загуби 22 годишно момче се случила вчера попладне на локалниот пат од Долно кон Горно Лисиче. Несреќата се случила кога 22-годишниот Александар Ѓ. управувајќи со автомобил Југо, удрил во дрво. Момчето со Итна медицинска помош било пренесено во болница каде им подлегнало на повредите. Полицијата на местото на несреќата […]
______________________________________________________________________________________________________
24/02/2015 21:23
•
Posted by: MK News
Вечерва 10 минути по 19 часот во кругот на фабриката „Железара“ во сообрќајна несреќа загина пешак, Јордан Н., а уште едно лице е повредено и со возило на брзата помош е пренесено во ургентниот центар во Скопје. Според информациите на АЛФА во нив удрило патничко моторно возило марка „Рено“ со скопски регистарски таблички. Полицијата врши […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2015 14:09
•
Posted by: MK News
Млад тетовец за кој подоцна се покажало дека бил под дејство на алкохол, вчера рано наутро киднапирал девојка, а полицијата алармирана од очевидец наскоро го пронашла. Случајот вчера во 1.45 часот го пријавил граѓанин во Тетово, кој рекол дека непознато машко лице со возило „опел вектра“ со употреба на физичка сила присилил женско лице да […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2015 13:57
•
Posted by: MK News
Хорор ја потресе Битола. Според податоците од полицијата 58-годишниот Д.Т. од Битола во периодот од 20.01 годинава до 19. минатиот месец повеќе пати извршил полов напад и други полови дејствија врз две деца од Битола. Монструмот си заработи 30 дневен притвор и ќе одговара за делото кое го направил.
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2015 16:51
•
Posted by: MK News
Две возила се судрија на улицата „Христијан Тодоровски- Карпош“ во близина на стадионот Чаир. Сообраќајката се случи околу 13.30 часот, при судир на „мерцедес“ и „пасат“. Повредени се двајца патници, кои веднаш се префрлени во Ургентниот центар.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2015 21:46
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајка се случи попладнево на раскрсницата меѓу скопските улици „Орце Николов“ и „Аминта Трети“. Оштетени се две возила, а едниот автомобил по ударот се забил во сообраќаен знак. Засега нема информации за повредени лица.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2015 19:49
•
Posted by: MK News
Осумдесет годишен маж настрада во пожар што избил во куќичка во штипската викенд населба „Суитлак“, доцна попладнево. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип Кире Патраклиев изјави дека и покрај брзата интервенција пожарникарите не успеале да го извлечат 80-годишниот маж, кој бил инвалид.
______________________________________________________________________________________________________
21/02/2015 16:23
•
Posted by: MK News
Осуманесетгодишно момче од Скопје е згрижено во болницата „Св. Наум Охридски“. Тој со нож бил ранет во десната нога, а имал и скршеница на долна вилица. Повредениот изјавил дека синоќа на булеварот Кочо Рацин бил нападнат од неколку насилници, кои го истепале, раниле и ограбиле.
______________________________________________________________________________________________________